Апсолутен моден погодок: Ирина Шајк прошетала во најубавиот пролетен стајлинг!

Браво!

И овој пат заслужила чиста десетка за стилот

Ирина Шајк секогаш е тип-топ средено, па дури и кога оди на прошетка. Овој пат ни даде одличен предлог како може да се носи водечкиот тренд сезонава.

Виолетовата боја е сѐ поактуелна, оваа пролет се врати на модната сцена, а трендсетерките ја дочекаа со воодушевување. Не ѝ одолеа ниту Ирина, а мора да признаеме дека и нам ни се допаѓа.

Оваа нијанса е навистина пролетна и како создадена е за сончевите денови.

Ирина овој пат одбрала класични фармерки, а целата комбинација ја направила романтична и женствена, кошулата во оваа нежна нијанса.

Што се однесува до обувките, и тука манекенката ги следела трендовите и одбрала папучи-сандали, кои се повеќе од актуелни.

Ви се допаѓа оваа боја?

Уште една стилска лекција на Џесика Алба: Корсет во деловна варијанта и боја што доминира сезонава
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.