Девицата напнува до бесвест, Скорпијата се опседнува, Лавот е убеден дека е најдобар од сите: Најлошата особина на секој хороскопски знак!

Астрологијата открива

Која е вашата?

Сите хороскопски знации имаат една иритантна карактерна особина. Која е вашата?

Овен – гази сѐ пред себе на патот кон лидерството

Без оглед на ситуацијата, Овенот секогаш се прогласува себеси за главен, давајќи наредби и кажувајќи им на сите што да прават.

Бик – бескомпромисен

Бикот е навикнат да ги прави работите на свој начин, без други опции. Тие не ги менуваат своето мислење и став и затворени се за преговори.

Близнаци – површност

Близнаците знаат да бидат прилично површни, правејќи другите да се чувствуваат потценето. Луѓето дури може да имаат чувство дека Близнаците воопшто не им се толку добри пријатели како што изгледале претходно.

Рак – претерано емотивен

Фактот што Ракот постојано покажува прекумерна емоционалност и претерана реакција на она што се случува не само што е здодевен, туку и нервира.

Лав – супериорност

Лавовите, особено мажите, се сметаат себеси за кралеви. Па дури и ако сте негова кралица, тој и понатаму ќе ви дава до знаење дека сте само број два!

Девица – напнување и заморување

Девиците можат бескрајно да цимолат и да се жалат. Честопати не затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што сакаат да ја свртат моменталната ситуација во своја корист.

Терезија – неодлучност

Терезијата толку се труди да им угоди на сите околу себе што понекогаш едноставно не може да донесе одлука. А ова им носи повеќе проблеми одошто им помага. Од страв да не навреди некого, Терезијата повеќе сака никому да не му помогне.

Скорпија – опседнатост

Скорпијата може да стане опседната, бидејќи едноставно не е во состојба да се ослободи од минатото. Желбата за одмазда, потребата за контрола – ова го впива сето внимание на Скорпиите на штета на другите работи и сфери во животот.

Стрелец – невнимателност

Поради својата огромна енергија и ентузијазам, Стрелците без размислување јурат во битка, а оваа нивна негрижа доведува до постојани проблеми.

Јарец – премногу напорен

Јарците имаат премногу барања. Егоцентричноста е таа што ги прави нечувствителни и негрижливи.

Водолија – нетактичност

Водолиите се навикнати себеси да се сметаат за најпаметни, гледајќи ги од висина луѓето околу себе. Истовремено, тие се често безобразни и нетактични во критиките кон оние што ги сметаат за инфериорни во однос на себе и за кои што мислат дека не се толку паметни колку нив.

Риби – претерана сентименталност

Рибите повремено се сеќаваат на добрите стари времиња, зборувајќи отприлика вака: „Кога само би можело да се врати тоа…“ Не сакаат да се соочат со реалноста.

Хороскопски знаци кои дефинитивно ги сакате во вашиот живот затоа што ќе ве насмеат до солзи
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.