Торта од кокос и бело чоколадо: Бела кремаста убавица што ќе ве освои засекогаш!

Десерт од соништата

Комбинацијата на кокос и бело чоколадо ќе ги освои вашите непца

Состојки:

За бисквитот:

  • 275 г остро брашно
  • 100 г кокосово брашно
  • 200 г шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер (или 2 мали лажичиња екстракт од ванила)
  • 170 г путер
  • 5 белки
  • 120 мл кисела павлака
  • 240 мл кокосово млеко
  • 2 лажички прашок за печиво
  • половина лажиче сода за печење
  • прстофат сол

За кремот:

  • 5 жолчки
  • 2 големи лажици шеќер
  • 500 г бело чоколадо
  • 250 мл слатка павлака
  • торта од кокос и бело чоколадо

Додаток:

  • кокос за украсување

Приготвување:
  • Сите состојки за бисквитот мора да бидат на собна температура, па затоа путерот, белките и киселата павлака извадете ги од фрижидер 40-тина минути порано.
  • Одвојте ги белките од жолчките.
  • На страна во еден сад просејте го острото брашно со прашокот и содата бикарбона, додајте сол и кокосово брашно, па сето тоа заедно измешајте го.
  • Во друг сад за матење ставете шеќер, ванилин шеќер или екстракт и путер, па матете на најсилна брзина околу 2 минути додека добиете мазна, кремаста смеса.
  • Потоа, од рабовите на садот со шпатула истружете ја смесата за да дофатите сѐ со миксерот.
  • Малку по малку, додавајте ги белките во смесата и по секое додавање добро изматете.
  • Потоа, додајте и кисела павлака и изматете.
  • Намалете ја брзината и наизменично во смесата додавајте ги сувите состојки (мешавината од брашно и кокос) и кокосовото млеко.
  • Матете на помала брзина додека ги потрошите сите состојки и добиете компактна смеса.
  • Подгответе два тркалезни калапа со иста големина, па премачкајте ги со малку путер и посипете ги со лебни трошки.
  • Поделете ја смесата во двата калапа и печете ги 20 минути на 180 степени Целзиусови.
  • Кога ќе се испечат корите, оставете ги целосно да се оладат во калапите. Потоа, можете да ги филувате.
  • Почнете со приготвување на кремот. Жолчките измешајте ги со шеќер и загревајте ги на пареа 5-10 минути со постојано мешање за да не се залепи смесата за садот.
  • Кога ќе ја тргнете од оган, мешајте го кремот уште малку додека влезе поладен воздух во неа и ја разлади.
  • Изрендајте го белото чоколадо и ставете го во садот.
  • Загрејте слатка павлака до вриење и веднаш прелејте ја врз чоколадото. Мешајте го чоколадото додека целосно се стопи и се соедини со павлаката.
  • Тогаш, во смесата додајте ги и сварените жолчки, сето тоа добро измешајте го со шпатула и оставете да се олади. Покријте го садот со пластична фолија.
  • Кога кремот ќе се олади (по 1-2 часа стоење), филувајте ја тортата.
  • На првата кора ставете половина од кремот и рамномерно премачкајте го кон рабовите.
  • Ставете ја втората кора врз кремот и само малку притиснете ја со дланките.
  • Размачкајте го вториот дел од кремот преку врвот на тортата и спуштајте ја шпатулата околу рабовите до дното на тортата додека ја премачкате целата.
  • На крајот, посипете кокос одозгора и ставете ја во фрижидер да се олади.
Торта со малини: Освежителен десерт што ќе ве освои со изгледот и вкусот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.