Дефиниција за елеганција: Актерката објаснила како треба да изгледа добро стилизираната жена во 40-те!

Полн погодок

Овој стајлинг е за чиста десетка

Ова лето фустаните на преклоп стануваат сѐ поактуелни, а актерката Аманда Холден (49) овој модел го покажала на вистинскиот начин.

Овој крој е вистински избор за секоја жена, бидејќи ја стеснуваат половината и создаваат фигура на песочен часовник. Не постои дама на која лошо ѝ стои овој модел, велат модните експерти.

Фустанот е со совршена должина, лелеава и ги нагласува најубавите делови на телото. Сето тоа го прави најдобриот летен избор. Во него ќе изгледате убаво, а ќе се чувствувате пријатно, бидејќи ваквите модели најчесто се прават од лесни материјали.

https://www.instagram.com/p/CBwGxn5hWgv/

Актерката одбрала фустан во жолта боја, а ако нѐ прашувате, тој е одличен избор за летен сончев ден. Со фустанот во интензивна боја, Аманда одбрала дискретни сандали, кои ѝ ги издолжиле нозете и му дале доза женственост на целиот стајлинг.

Ако сакате модна комбинација што зрачи со елеганција и добар стил, ваквиот фустан е полн погодок.

https://www.instagram.com/p/CBusxGZBYDN/

Тренд кој освојува на прв поглед: Фустанот што ќе ја обележи летната сезона изгледа вака!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.