Долго апстинирате? Еве како тоа ви го загрозува здравјето ако сте жена, а како ако сте маж!

Апстиненцијата има свои последици

Фото: Unsplash

Сексуалната апстиненција не е само психички и емоционално тешка – може да има многу сериозни последици по здравјето

Кој не сака секс? Ова е повеќе реторичко прашање. Сексот е природна потреба, како кај луѓето, така и кај животните. Тој спаѓа во физиолошки потреби, но за разлика од повеќето од нив, содржи и психолошка и емоционална компонента.

Меѓутоа, понекогаш се случува подолго време да не сте во врска, па со самото тоа да немате ни односи. Што значи тоа за вашиот организам?

1. Поголем стрес

За време на сексот телото ослободува допамин, серотонин и окситоцин, кои се познати како хормони за среќа. Напливот на тие хормони, што ги добиваме од бакнување, милување, а особено од оргазам, ни помага да се опуштиме. За некои луѓе, сексот исто така е и начин на дистракција, што им помага да ги тргнат мислите од проблемите, а со тоа им помага и да ги намалат негативните чувства. За среќа, самозадоволувањето предизвикува сличен ефект, па тука можете и самите да си помогнете. Вежбањето исто така го зголемува нивото на овие хормони во телото.

2. Проблеми со спиењето и помнењето

И тука се важни хормоните за среќа. Имено, серотонинот помага во регулација на сонот и поради тоа некогаш се чувствувате многу поспано после акција. Освен тоа, ја подобрува способноста за учење, помнење и дигестијата.

3. Ослабен имунитет

Некои истражувања покажуваат дека оргазмот може да го зајакне нашиот имунолошки систем. Мало истражување од 2004 година, спроведено на 11 луѓе, открило дека оргазмите постигнати со самозадоволување ја зајакнуваат концентрацијата на адреналин и пролактин во плазмата, протеин со повеќекратни функции, од кои една им е потребна на останатите клетки за јакнење на имунитетот.

4. Вагиналните ѕидови стануваат потенки

Без грижи, ако немате секс три месеци, вашата вагина нема потполно да се промени, но подолг период на апстиненција може да предизвика некои промени.

„Сексот предизвикува зголемен проток на крвта во вагината и природна лубрикација, што значи дека подолгиот период без секс може да предизвика вагиналното ткиво да стане помалку влажно и да се истанчи. Ова, сепак, е ретка појава кај младите и здрави жени, а почесто се јавува кај жените што поминале низ менопауза“, објаснуваат гинеколозите.

5. Поголем ризик од еректилна дисфункција

Докторите предупредуваат дека мажите кои немаат редовни сексуални односи имаат зголемен ризик од еректилна дисфункција, особено ако станува збор за постари мажи. Редовната ејакулација го намалува ризикот од развој на рак на простата и го намалува стресот.

6. Чувство на изолација

Ако сте навикнале редовно да имате секс, наглиот прекин би можел да предизвика психички проблеми.

„Подолгиот период без секс ги погодува луѓето на различни начини, а тоа зависи од тоа каков ви е сексуалниот нагон. Ако инаку имате силен сексуален нагон, подолг период без секс би можел да предизвика голема фрустрација. Луѓето со високо либидо, во периодот без секс, може да имаат психички проблеми. Редовниот секс има многу придобивки, а намалувањето на стресот е само една од нив. Не се работи само за физичкото уживање, туку и психички се чувствувате поповрзани со друга личност“, објаснуваат психолозите.

Истражувањата откриле дека многу жени всушност сакаат да гледаат филмови за возрасни
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.