Џеј Ло со свршеникот и со децата на плажа: Ретко ја гледаме во вакво разиграно издание!

Романтичен стајлинг

Латино дивата ретко носи романтични и лелеави фустани

Џенифер Лопез (50) е фотографирана на плажата Малибу во Калифорнија, каде со своите деца и свршеникот Алекс Родригез го поминала Денот на татковците.

Латино дивата шетала по песочната плажа со своите близнаци Ема Марибел Муњиз и Макс (11), како и со ќерките на Родригез од првиот брак – Ела и Наташа.

За опуштената прошетка покрај вода одбрала лелеав макси-фустан со цветен дезен.

Џеј Ло ја врзала косата во висока пунџа, а од модни детали одбрала тркалезни обетки, кои инаку често ги претпочита, како и задолжителните очила за сонце.

Џенифер Лопез пред и по напорниот тренинг (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.