5 најдобро облечени жени оваа недела: Тие се средени од утро до мрак!
Која ви се допаѓа најмногу?
Модните икони секогаш наоѓаат начин да се облечат така што ќе им биде удобно, без да го доведуваат својот личен стил во прашање
На сите ни е јасно дека зад големите светски ѕвезди секогаш стои тим на луѓе кои деноноќно се занимаваат со нивниот имиџ.
Но што се случува кога истите тие жени ќе излезат на улица да го прошетаат своето домашно милениче или кога одат да пазарат? Тогаш можеме да ги видиме во вистинско светло, во облека што сами ја одбрале и фризура што сами ја направиле. Но тие и покрај тоа изгледаат одлично. Оваа недела ни паднаа в очи уличните изданија на 5 познати дами кои воодушевуваат со својот стил и на црвениот килим, но и на улица.