Го снижуваат холестеролот и го закрепнуваат организмот: Мора да ги јадете овие 5 намирници што почесто!

Дознајте повеќе

Ако се борите со покачен холестерол, веројатно свесни сте колку е важно да се храните здраво за да го одржите нивото на холестерол во нормала

Со вклучување одредени намирници во вашата исхрана, можете да го намалите холестеролот. Дознајте што треба да јадете ако сакате да ја постигнете оваа цел…

Боровинки

Антоцијаните, што се содржат во боровинките, капините, црвеното грозје, црешите и другото зрнесто овошје, го подигнуваат нивото на добриот ХДЛ холестерол, додека го снижуваат нивото на лошиот ЛДЛ холестерол. Тие можат да го направат тоа, затоа што ја намалуваат активноста на видовите протеини што го претвораат ХДЛ холестеролот во ЛДЛ. Боровинките и другото наведено овошје можете да ги измешате со разни грицки и десерти, па обидете се да уживате во нив секој ден.

Овесна каша и снегулки

Покрај многу вкусни состојки, овесната каша содржи и бета глукан, растворливи влакна што го апсорбираат ЛДЛ холестеролот и го исфрлаат од телото, а го намалуваат и производството на триглицериди. Ве советуваме да јадете овесни снегулки за појадок, по можност во комбинација со зрнесто овошје за максимално позитивно дејство на нивото на холестерол.

Јаболка

Во едно научно истражување, 40 доброволци добиле задача да јадат по две јаболка дневно во период од два месеца, а ист број доброволци требале да се воздржуваат од ова овошје во истиот период. На крајот од определениот период, авторите на истражувањето откриле дека луѓето кои јаделе јаболка во просек имале пониско ниво на холестерол од оние што не јаделе. Овој резултат го објасниле со фактот што јаболката содржат многу влакна и антиоксиданси, кои се добри за кардиоваскуларниот систем.

Ореви

Кога последен пат сте јаделе ореви? Би требало почесто да се најдат на вашето мени, бидејќи содржат незаситени масни киселини кои помагаат во снижувањето на нивоата на лош холестерол во крвта. Доброто кај нив е тоа што можете да ги додадете во оброците што ги приготвувате за појадок, ручек, вечера и ужина.

Киноа

Киноата содржи многу влакна, особено растворливи влакна, кои дејствуваат како еден вид сунѓер што го впива лошиот холестерол и го исфрла од организмот. Киноата, исто така, е одлична кога ви треба хранлив оброк што заситува пред рекреативни активности, како што се трчање и вежби со висок со интензитет.

5 намирници што ги прочистуваат крвните садови од холестерол: Доволно е да ги јадете повремено!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.