Бритни Спирс го изгубила бебето: Пејачката се огласи со потресна објава што ќе ви го скрши срцето!

Трагедија

Бритни Спирс и нејзиниот свршеник работеа на проширување на семејството, но, за жал, се соочија со страшна загуба

Бритни Спирс неодамна успеа да се избори за своите права, кога со одлука од судот му било укинато старателството на татко ѝ што го имал 13 години над неа, но токму кога помисли дека сѐ во животот ѝ тргна по нагорна линија, поп-ѕвездата се соочи со страшна загуба.

Имено, Бритни и нејзиниот свршеник, Сем Ашгари, го чекаа свето прво дете, а пејачката ги сподели среќните вести за приновата минатиот месец.

40-годишната ѕвезда повеќепати има потенцирано дека сака да се оствари како мајка, поради што својата среќа веднаш ја сподели со милион луѓе, но сега животот повторно ѝ се промени од корен кога го изгуби бебето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

„Со најголема тага соопштуваме дека го изгубивме нашето чудесно бебе во рана бременост“, напишала Бритни на почетокот од своето емотивно обраќање и открила колку тешко ѝ паѓа ситуацијата.

„Тоа е трагедија за секој родител. Можеби требаше да почекаме уште малку пред објавата за бременоста, но бевме премногу возбудени и ја споделивме таа вест. Нашата љубов е нашата сила“, објаснила пејачката и открила дека се откажува од потомство.

„Ќе продолжиме да се обидуваме да го прошириме нашето прекрасно семејство. Благодарни сме за вашата поддршка. Ве молиме за приватност во овие тешки мигови“, порачала таа на својот инстаграм-профил.

Фановите на Бритни Спирс загрижени за нејзините милиони: Од идниот маж барај да потпише предбрачен договор!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.