Нутриционистите предупредуваат: Ако боледувате од овие болести, мора да го одбегнувате кромидот!

Внимавајте!

Кој може да јаде кромид, а кој мора да ја ограничи неговата употреба во исхраната

Кромидот содржи витамини и минерали, фолна киселина, железо, хранливи влакна и хранливи состојки. Благодарение на неговиот единствен состав, ги намалува воспаленијата во организмот и го зајакнува имунитетот. Лекарите го препорачуваат во исхраната на луѓе со многу заболувања.

„Покрај тоа што содржи витамини и минерали, како што се витамин Ц, витамин Б, влакна, содржи и флавоноиди, кои дејствуваат како антиоксиданти и ги намалуваат воспалителните процеси во организмот. Најчесто дејствуваат на кардиоваскуларните процеси, дијабетесот и онколошките заболувања. Исто така, кромидот позитивно влијае и врз имунитетот“, откриваат нутриционистите.

Освен тоа, кромидот помага и во снижувањето на нивото на сол во организмот.

Кромидот не треба да се користи како лек што се консумира само кога човек е болен. Треба редовно да го јадете за тој да може превентивно да дејствува во борбата со болестите.

„Единствениот проблем е мирисот, но не од устата, туку од кожата, бидејќи мирисот на кромидот се излачува преку порите“, појаснуваат експертите.

Меѓутоа, некои луѓе не можат да го сварат кромидот.

„Треба ограничено да консумирате кромид ако имате осетлив желудник, ако боледувате од гастритис или имате жиговина. Меѓутоа, тоа не значи дека не треба воопшто да го јадете, туку треба внесувате онолку кромид колку што му годи на вашиот организам“, заклучуваат нутриционистите.

За да ви остане кромидот свеж и да не ги изгуби корисните својства, треба да го чувате во фрижидер и да ги одвоите главиците кромид една од друга.

Експертите откриваат зошто е незаменлив: 5 причини поради кои секој ден би требало да јадете црвен кромид!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.