Леди Гага е воодушевена од Констракта: Го повлекла овој потег – дали има соработка на повидок?

Здравата уметница ја воодушеви планетата

Ана Ѓуриќ Констракта не само што ја полуди цела Европа и земјите во регионот, туку и го привлече вниманието на целиот свет

Една од оние што не останаа имуни на појавата и музиката на Констракта е и Леди Гага, со која медиумите ја споредуваат српската евровизиска претставничка.

Не само што Констракта го привлекла вниманието на Гага, туку и поп-ѕвездата побарала од својот тим да стапат во контакт со Ѓуриќ и да ѝ понудат соработка на подолг рок.

„Констракта со недели пред да стигне во Торино имаше голем успех на светско ниво. Нејзината песна In Corpore Sano стана една од најслушаните на многу платформи, а нејзиниот успех растеше од ден на ден. Кога се појави на Евровизија, во европските медиуми сѐ почесто ја нарекуваа српската Леди Гага. Таквите написи ја привлекоа Леди Гага која го препозна големиот потенцијал во Констракта за светската сцена“, раскажал анонимен извор и открил дека пејачката побарала нејзиниот тим да стапи во контакт со соработниците на Констракта.

„Леди Гага е воодушевена од нејзиниот настап, појава и досегашна музичка кариера и препозна автентичност кај неа. Планира да ѝ понуди конкретна соработка откако ќе се смири хаосот околу Евровизија, бидејќи смета дека тоа ќе биде совршениот момент. Со задоволство ќе ѝ помогне да се пробие на светскиот пазар, како поради талентот така и поради фактот што Гага ја обожава Србија, која ја посети пред неколку години со својот тогашен свршеник“, раскажал изворот.

Фото: Принрскрин

Тој исто така додал дека иако Констракта е жанровски многу различна од Леди Гага, сепак го почитува нејзиниот лик и дело.

„На Ана ѝ е симпатично тоа што европските медиуми ја споредуваат со Леди Гага, иако нивната музика потполно се разликува. Со оглед на тоа што песната In Corpore Sano доживеа голем успех во светот, Констракта во последно време почна да размислува за идејата да сними албум за странскиот пазар. Можеби навистина ќе започне соработка со Леди Гага и ќе снимат заедничка песна. Тоа би бил полн погодок“, открил изворот.

Кончита ја обожава Ана

Кончита Вурст, австриската победничка на Евровизија од 2014 година е исто така една од многуте што ја обожаваат Ана Ѓуриќ Констракта.

Евровизиските камери ги снимиле за време на заедничките дружби, а Кончита имала само пофални зборови за здравата уметница.

„Знаете, јас сум голем обожавател на Констракта. Ја обожавам“, навела Кончита, по што се свртела кон Констракта и директно ѝ се обратила.

„Толку си талентирана, толку си прекрасна! Сѐ што правиш ја надминува Евровизија“, заклучила некогашната победничка на Евровизија.

„Хафингтон пост“ напишал текст за Констракта: Еве што велат за Ана и за песната In Corpore Sano!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.