Голем месечен хороскоп за јули: Дали конечно ни пристигнуваат подобри денови?

Фото: Getty Images

ЈАРЕЦ

Работа

Овој месец ќе се занимавате со осигурување на своето работно место, а тоа ќе ве истошти. Не се трудете да ги туркате работите под тепих, туку потрудете се да одите чекор по чекор темелно, како што вие најдобро знаете. Не си поставувајте преамбициозни цели кои не можете да ги исполните.

Љубов

Ако сте во врска: Проблемите во врската овој месец ќе бараат поинаков пристап. Ако досега ги игнориравте испадите и барањата на саканата личност, овој месец ќе треба да се заземете за себе, за своите потреби и барања. Саканата личност ќе биде изненадена, а можеби и лута, но важно е да држите до себе.

Ако сте слободни:  Слободните Јарци ќе бидат во круг на влијателни луѓе, а тука можни се некои љубовни искри. За вас се испреплетуваат професионалниот и емоционалниот дел, но тоа ќе ви годи овој јули. Уживајте.

Здравје

Пад на енергијата. Можни се и проблеми за хронично болните.

Mesečni horoskop - srećni brojeviСреќни броеви за јули 2020

6, 12, 17, 21, 23

ВОДОЛИЈА

Работа

Ова е одличен период за оние Водолии кои работат самостојно. За преостанатите, потребно е трпение овој период и труд кои ќе ви се исплатат на крај. Ако сте на раководна позиција, потрудете се да бидете јасни и концизни во своите барања. Во тимската работа, останете прилагодени на тимот, тоа е секогаш добар пристап.

Љубов

Ако сте во врска: Во овој период владее хармонија во врската, па ќе бидете среќни и задоволни. Ако се чувствувате несигурно во однос на некои прашања, побарајте совет од саканата личност. Ова е месец кога ќе се уверите колку е силен вашиот однос. Добар период за унапредување на врската, стапување во брак и проширување на семејството.

Ако сте слободни: Слободните Водолии сакаат романса и нежност, но тоа ви го поматува расудувањето. Sвездите ве предупредуваат да бидете внимателни кога среќавате нови луѓе, можни се разочарувања.

Здравје

Хормонски проблеми.

Mesečni horoskop - srećni brojeviСреќни броеви за јули 2020

8, 14, 17, 20, 25

Риба

Работа

Ова е многу продуктивен период за Рибите кои се занимаваат со креативна работа. Можеби ви е тешко да се носите со сите промени на работното место бидејќи чувствувате дека ви е потребно време, но ќе успеете што и да замислите. Самодовербата е клучно нешто што ви е потребно овој месец.

Љубов

Ако сте во врска: Време е да се запрашате што сакате, а потоа тоа да го искомуницирате со саканата личност. Не е време за големи одлуки, но сега е време за разговор. Партнерските односи се огледало во кое можете да се видите себеси во другата личност, а ова е месец кога ќе го сфатите тоа. Дозволете и на саканата личност да биде покрај вас со својата поддршка.

Ако сте слободни: Слободните Риби  би можеле да се заплеткаат во комплицирани односи, особено ако ги кршите своите принципи, а другата страна не го прави истото за вас. Не се вложувајте со силни чувства за личност која не ја познавате добро.

Здравје

Насочете се кон физичка активност за да се ослободите од стресот.

Mesečni horoskop - srećni brojeviСреќни броеви за јули 2020

4, 9, 11, 18, 22

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.