Голем месечен хороскоп за јули: Дали конечно ни пристигнуваат подобри денови?

Фото: Getty Images

РАК

Работа

Можни се препреки на ова поле, па важно е да останете прибрани. Универзумот го тестира вашето трпение, упорност и совест, па ставени сте на голем тест овој месец. Пробајте да најдете конструктивни решенија и да се прилагодите на луѓето околу вас. Одложете ја работата поврзана со документација.

Љубов

Ако сте во врска: Доаѓа до стабилизација во партнерските односи. Веќе нема да имате толкава потреба да ги наметнете своите ставови, туку ќе ви биде важно да ви биде убаво со саканата личност и тоа е добро. Можно е на моменти да избувнете и да го изгубите тактот, но најважно е да се трудите да останете смирени.

Ако сте слободни: Слободните Ракови ќе се чувствуваат како да им пораснале крила. За некои е можна романса, а за други разочарување. Настојувајте да го држите тоа ниво на енергија, без претерани турбуленции.

Здравје

Внесувајте витамини и минерали. Можни се повреди за некои Ракови.

Mesečni horoskop - srećni brojeviСреќни броеви за јули 2020

3, 8, 12, 15, 21

Лав

 

Работа

Се отвораат многу можности на ова поле. Дел од нив се однесуваат на професионален развој, а за некои Лавови стигнува и понуда за работа. Ако сте фокусирани на некој долгорочен проект, можно е работите малку да стопираат, но тоа нека ви биде можност да преиспитате каде сакате да одите понатаму.

Љубов

Ако сте во врска: Во врските кои сега се формираат, ова ќе биде период на длабоко поврзување и блискост, но ако сте во брак или долга врска, можно е да дознаете некои работи за саканата личност кои ќе ве погодат. Пред да реагирате бурно, средете ги мислите, а потоа седнете и разговарајте. Не се мачете со претерана анализа, туку поставувајте директни прашања.

Ако сте слободни: Слободните Лавови ќе бидат блескави и харизматични. Ќе се предадете на љубовта, па овој месец ќе ви годи што сте сакани (како и секогаш).

Здравје

Можни се проблеми поврзани со хормоните. Потребно е и да се храните поздраво.

Mesečni horoskop - srećni brojeviСреќни броеви за јули 2020

6, 11, 15, 21, 26

ДЕВИЦА

Работа

Се отвораат нови хоризонти, а можна е и награда за некои Девици. Ова е добар месец за правење планови за иднината, вложување и можеби и нова работа. Одредете приоритети и направете распоред за делување, за да избегнете нервоза и напнатост.

Љубов

Ако сте во врска: Може да се најдете во ситуација да нудите помош на партнерот, но бидете внимателни ако другата страна не го бара тоа од вас. Почитувајте ја нивната потреба самите да се изборат со ситуацијата, а бидете покрај нив. Не се плашете од тоа дека љубовта ја нема веќе само поради тоа што саканата личност се занимава со други работи.

Ако сте слободни: Ова ќе биде активен месец за слободните Девици – ќе бидете насочени на сите страни. Постои голема шанса да запознаете интересна личност, но ќе се поставите како да не сакате да споделите се со нив, барем не на почетокот. Во фаза сте кога мислите дека никој не ве разбира.

Здравје

Намалете го шеќерот.

Mesečni horoskop - srećni brojeviСреќни броеви за јули 2020

2, 8, 14, 17, 23

ПОВЕЌЕ ПРОЧИТАЈТЕ НА СЛЕДНАТА СТРАНИЦА….

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.