Голем месечен хороскоп за јули: Дали конечно ни пристигнуваат подобри денови?

Фото: Getty Images

Работа

Овој месец ќе добиете помош и тоа од влијателни личности во вашето работно окружување. Сфатете го тоа како комплимент за потенцијалот кој го гледаат во вас, а не како некаква навреда. Планетите се на ваша страна во текот на јуни, па добро би било да го искористите ова влијание за да ги завршите оние работи од кои долго се плашевте. Овој месец сте на вистинско место во вистинско време, па затоа делувајте брзо.

Љубов

Ако сте во врска: Ова е период на соочувања и искреност, што може да донесе разочарување кај некои Ваги. Ќе бидете нетрпеливи, но уште полошо, ќе носите погрешни проценки. Трудете се само да не реагирате брзо и подипломатски да пристапувате на сите ситуации. Вие сте објективни и дипломатични, искористете го тоа овој јули.

Ако сте слободни: Слободните Ваги ќе се нишаат на емоционална нишалка овој месец, се додека не им стане досадно. Можно е да се чувствувате несигурно и нестабилно. За вас не е време за нова љубов, туку за соочување со себеси.

Здравје

Ќе морате да научите како да го контролирате стресот и бесот, бидејќи тие ви предизвикуваат други здравствени проблеми.

Mesečni horoskop - srećni brojeviСреќни броеви за јули 2020

4, 10, 16, 21, 25

 

Скорпија

Работа

Морате да внимавате на буџетот, планирањето и вашите цели. Лесно ќе ви оди извршувањето на тековните работи и тоа ќе го правите со невидена леснотија. Сепак, време е да се посветите на тоа што сакате да го постигнете до крајот на годината. Бидете внимателни со нови договори и финансиски трансакции.

Љубов

Ако сте во врска: Имате впечаток дека саканата личност манипулира со вашите чувства. Но, треба да знаете дека вашата сомничавост и љубомора се резултат на вашата сопствена несигурност. Постојано анализирате, се измачувате со работи во вашата врска, но тоа не ви носи никаков заклучок освен бес, па затоа можеби е најдобро да ја смените стратегијата.

Ако сте слободни: Слободните Шкорпии се во свој елемент – мрачно расположение, силни страсти и желба за авантура.

Здравје

Психосоматски проблеми.

Mesečni horoskop - srećni brojeviСреќни броеви за јули 2020

Поврзани објави

2, 6, 14, 19, 24

СТРЕЛЕЦ

Работа

Можеби ќе морате да одложите некои важни задачи, но овој месец ќе можете да процените што е важно, а што не е. Вашиот став и однесување во голема мера ќе бидат проценувани од вашата работна околина, па бидете внимателни како се поставувате. Бидете одмерени и контролирајте ги своите чувства. Можно е некои работи да не се одвиваат како што треба, но крајот на јули носи подобра поддршка од планетите.

Љубов

Ако сте во врска: Ако чувствувате дека ви се потребни промени на ова поле, не дозволувајте да се насобира незадоволството и да донесете брзи, а погрешни одлуки. Sвездите ве советуваат да не барате задолоство во авантури на страна, затоа што можете да се изгорите. Ако ви значи саканата личност и сакате да го подобрите односот, седнете и разговарајте. До крајот на јули ќе успеете  – или ќе ја подобрите врската или ќе раскинете.

Ако сте слободни: Некоја личност ви го краде вниманието па сега ќе сакате пријателскиот однос да го унапредите. Време е да ги изразите своите чувства и емоции. Тоа може да ја шокира другата страна, но позитивниот исход е неизбежен.

Здравје

Можни се главоболки и проблеми со желудникот за некои Стрелци.

Mesečni horoskop - srećni brojeviСреќни броеви за јули 2020

6, 14, 19, 22, 26

                                                         ПОВЕЌЕ ПРОЧИТАЈТЕ НА СЛЕДНАТА СТРАНИЦА….

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.