Тешкото детство може да биде причина за потешкотии во врските и сексот, еве што да направите

Истражување открива

Фото: Unsplash

Тешкотиите во детството и проблематичниот однос со родителите низ периодот на растење може да остават големи и трајни последици.

Овие последици ги чувствуваат многу луѓе во зрелоста во сите сфери на животот. Тешкотиите низ кои поминуваат одредени луѓе во детството влијаат врз менталното здравје, самодовербата и пријателските и романтични врски. Она што многу луѓе не го знаат е фактот дека дури и најраните искуства од детството можат да влијаат на вашиот сексуален живот. Неодамнешното истражување објавено во Меѓународниот медицински журнал за сексуално здравје покажа дека одредени искуства од детството можат да влијаат на тешкотиите во интимните односи. Поточно, запоставените и децата на емоционално недостапни родители имаат последици што се чувствуваат во зрелоста и во сексуалниот живот.

Врската помеѓу занемарување во детството и сексуални потешкотии

Тим истражувачи од студијата испитале 374 возрасни лица во врска со занемарувањето во детството. 12% од луѓето доживеале физичко запоставување, а дури 65% доживеале емоционално занемарување за време на адолесценцијата. Некои од работите што ги доживеале од страна на родителите биле: редовно незнаење, отсуство во важни и тешки периоди од животот, неодговарање на емоционални потреби, неодговарање на барањата за поддршка, недостаток на разбирање за емоционалните потреби, отсуство на нормален разговор, недостаток или целосно отсуство на љубов. Истражувачите откриле дека луѓето кои ги имале овие тешкотии во детството не биле во можност да развиваат нормални врски и нормални сексуални односи.

Колку се поголеми проблемите во детството, толку се поголеми сексуалните дисфункции (проблеми со оргазам, ејакулација, либидо или ерекција), негативни чувства поврзани со сопствената сексуалност (чувства на срам за сопственото тело, за самиот секс или по оргазмот) и ризично сексуално однесување. Врската помеѓу тешкотиите во сексот и тешкото детство е проблемот со идентитетот. Имено, луѓето кои биле запоставени од родителите во детството, имаат поголем проблем со самосвеста, односно откривање и чувство на себе. Кога не сте сигурни во себе и не ги разбирате сопствените потреби, честопати може да доведете до ќорсокак кога станува збор за сексуалноста, самодовербата и отвореноста.

Како да си помогнете?

Ако сте забележале дека е тешко да се отворите и опуштите дури и откако ќе запознаете некого добро, дека не го сакате сопственото тело, дека се чувствувате засрамено или дека практикувате незаштитен, чест и ризичен секс, погледнете го своето детство и односот со родителите. Ако вашето растење беше тешко, а родителите не беа тука за вас, најверојатно го имате наведениот проблем. Она што е важно да се нагласи е фактот дека често не можеме да си помогнеме. Бидете отворени со вашиот партнер ако го имате и побарајте стручна помош. Не бидете срамежливи и запомнете дека има решение за секој проблем.

Прочитајте и: Најважната „ситница“ за брак која ја прават добрите сопрузи (и сопруги)

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.