Домашен сапун за лице од магдонос: Направете го сами – ефектот ќе ве воодушеви!

Природна и здрава опција

Магдоносот е одличен природен лек, особено ако имате проблем со флеки или мозолчиња на лицето

Постојат многу дебати помеѓу жените во врска со тоа дали треба да се користи сапун за лице. Доколку внимавате што купувате и одбирате природни сапуни, ние велиме ДА!

Сапунот од магдонос за лице ќе ви помогне да го доведете вашето лице до совршенство само со основна нега – чистење на лицето.

Кои се предностите на сапунот од магдонос?
  • Содржи многу антиоксиданси кои го намалуваат дејството на штетните УВ-зраци од сонцето, кои се основната причина за предвременото стареење на кожата.
  • Ја подобрува циркулацијата под кожата, што доведува до регенерација на клетките и намалување на темните подочници.
  • Ја регулира pH-вредноста на кожата и го спречува избивањето на митесери и акни.
  • Дејствува противвоспалително и ја намалува иритацијата на кожата на лицето.
  • Фитонутриентите имаат осветлувачки својства. Кожата ги впива и се намалува хиперпигментацијата.

Ако се прашувате каде да набавите ваков сапун, ние ви предлагаме да го направите самите!

Состојки:
  • 125 мл инфузија од магдонос
  • 125 мл инфузија од зелен чај
  • 20 г млеко во прав
  • 20 г овесна каша
  • 50 г мед (2 лажици)
  • 60 г глицерински сапун

Не треба да бидете хемиски експерти за да го направите! Ви требаат само калапи за сапун и дрвена лажица. Пробајте!

Кој сапун е подобар – течен или тврд? И зошто не ни требаат антибактериски…
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.