Позната секс-терапевтка ги открива митовите и вистините за сексот

Дознајте од прва рака!

Секс-терапевтката и психолог Гема Криб во својата нова книга Great Sexpectations прави разлика што е мит, а што е вистина за сексот, а The Sun објави интересни детали од книгата.

Мора да бидете возбудени пред сексот

На некои луѓе им е потребно да почнат со бакнежи и предигра за воопшто да се создаде интензивна желба и копнеж, но тоа не е нешто необично. Едно истражување откри дека 97 проценти од жените и 60 проценти од мажите велат дека имаат секс и кога не се возбудени, а тоа чувство се појавува дури по некое време.

Мажите имаат поголема желба за секс од жените

Либидото на мажите се опишува како поинтензивно, поанимално, а нивната желба за секс се споредува со чувството на глад. Но, желбата за секс не е послаба кај жените, како што многумина веруваат.

Во текот на едно истражување, снимките од мозок покажале дека во женскиот мозок се случуваат истите процеси како и кај мажите додека гледаат порно филмови или еротска содржина. Исто така, на намаленото либидо влијаат истите работи кај двата пола, депресија, стрес и незадоволство во врската.

Само жените глумат оргазам

Многу мажи силно се фокусираат на оргазмот на нивната партнерка, а жените неретко чувствуваат притисок дека мора да го постигнат, за да не го повредат партнерот. Докажана е истата работа кај двата пола, 11 проценти од мажите глумат оргазам од две причини. Исти како и кај жените – за да не ја повредат партнерката или сексот да заврши побрзо

Сите оргазми се исти

Многу луѓе не знаат дека мажите можат да доживеат оргазам и без ејакулација. „Сувиот оргазам“, како што се нарекува, може да се појави од медицински причини, но и поради честа мастурбација.

Жените може да доживеат неколку видови оргазми, некои се подобри од другите. Најбрз е оној преку стимулација на клиторисот, а за оргазам преку стимулација на Г-точката треба малку повеќе да се потрудите. Но тој е поинтензивен и најмногу се чувствува во внатрешноста на вагината.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.