Фатална привлечност: Поради што му се допаѓате?

Мажите од памтивек неодоливо ги привлекуваат истите работи кај жената – мирисот, облините, бојата на гласот, начинот на кој се движат… Но да слушнеме што велат научниците за биолошката причина поради која се вртат глави по некоја жена

Мирисот на сексот

Тестирањето на сетилото за мирис од страна на американските научници откри дека најголем број мажи најмногу го сакаат мирисот на жената пред овулација. Не само што овој мирис најмногу им се допаднал туку и сметале дека жената што го емитува е многу попривлечна.

Едноставно кажано, подготвеноста за оплодување е еден од најсилните сексуални двигатели за мажите. Научниците велат дека жените, пак, се способни да толкуваат одредени сигнали за имунолошкиот систем на мажите од нивниот телесен мирис и дека, непосредно пред овулација, претпочитаат партнери чиј имунитет се разликува од нивниот.

Објаснувањето на овој феномен веројатно се крие во настојувањето идните потомци да стекнат поширок степен на отпорност на разни болести.

Позитивна интервенција на науката

Без разлика на ефектот на добрите гени, постојат случаи кога модерната наука може да го смени нивниот механизам а тоа да не биде целосно негативно. Научно е потврдено дека кај жените што користат пилула во време кога го запознаваат потенцијалниот животен партнер со тек на време исчезнува сексуалното задоволство, но сепак се задоволни од родителските и од финансиските способности на партнерот – фактори што придонесуваат за трајност на врската.

Експертите сметаат дека пилулата го потиснува дејството на хормонот што ги поттикнува жените да ги избираат мажите врз основа на нивната сила, доминантност и физичка привлечност во корист на оние што се покомпатибилни надвор од спалната соба. Замената на партнер што може да ве одбрани од предатор кој се заканува да ви ги изеде децата со оној што може да го издржува семејството и да ги школува децата е совршено смислена во 21 век, нелиНеочекувано задоволство

Се разбира, тоа не значи дека логиката секогаш победува во љубовта. Заслепувачката привлечност на мажот што не е заинтересиран за вас е научно докажана. Веројатно и самите сте доживеале нешто слично во животот: колку тој изгледал порамнодушен кон вас, толку повеќе сте го посакувале…

Тоа го наметнува заклучокот дека веројатно не е добра идеја уште на првиот состанок да откриете што чувствувате. Други истражувања покажуваат многу посилна активност во мозочните центри за наградување кога стимулот на задоволство е неочекуван отколку кога знаеме што да очекуваме.

Можеби затоа и мажите и жените претпочитаат да се впуштат во неизвесност отколку да изберат нешто што е сигурно.

Го сакам она што го има тој

Истражувачите измешале дваесет фотографии од обични мажи и жени со фотографии од манекени и побарале од испитаниците (мажи и жени) да ги рангираат фотографиите според атрактивноста. Кога на фотографијата се наоѓала жена со згоден манекен, машките испитаници високо ја оценувале нејзината привлечност.

(Класичен синдром: го сакам она што го има тој!). Меѓутоа кога обични жени се наоѓале на фотографиите со атрактивни манекенки, нивниот рејтинг опаѓал.

Друштвото на попривлечно лице обично ве деградира во очите на потенцијалниот партнер, бидејќи тој станува свесен за постоењето на другите опции, тврдат научниците.

Уште охрабрувачки сознанија

Ако сето ова почнува да ви изгледа фрустрирачко, стрпете се уште малку. Повремено науката доаѓа до некои резултати што можете да ги примените и во животот. На пример, носете црвено. Докажано е дека оваа боја ја засилува перцепцијата на женската убавина. (Исклучок е застареното тврдење дека црвениот кармин жената ја прави посебно секси, бидејќи една студија докажа дека неутралните нијанси ги излудуваат мажите).

Понатаму, најсигурен начин да бидете привлечни е истовремено и наједноставниот: насмевката! Освен ако не сте маж. Во тој случај никако немојте да се смеете. Ништо не ви е јасно? Според една научна студија, среќното лице на жената најмногу сексуално ги привлекува мажите.

Но жените воопшто не реагираат на изразите на среќа на лицето на мажот. Ним најмногу им се допаѓа, а аналогно на тоа и најмногу ги привлекува, израз на гордост на машкото лице. Малку е чудно што и двата пола изразите на лицето доста високо ги рангираат на скалата на сексуална привлечност.

Истражувачите веруваат дека сексуалната привлечност можеби лежи во претпоставката дека срамот сигнализира почитување на општествените норми и доверба.

Реалноста покомплицирана од науката

Сите досегашни и идни истражувања и студии ќе им овозможат незначителен увид, можеби и утеха, а можеби дури и смеење поради препознавање на сите оние што се во потрага по вистинскиот (сексуален) партнер, дури и на оние што се во налет на страст.

Истовремено, и покрај најновите научни достигнувања, јасно е дека резултатите од комплицираната област на машко-женски односи, сепак, тешко можат да се применат во секојдневниот живот. Ах, кога конечно би била откриена формулата за пронаоѓање на совршениот партнер…

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.