Спасоносни капкички: Природните масла во служба на убавината… и здравјето!

Го решаваме сите ваши дилеми врзани за нив!

Освен што ѝ го враќаат сјајот на кожата, одредени видови масла можат да решат разни проблеми

Природните масла се стари колку и човековиот род, но поради нивните многубројни бенефити за убавината (чистат пори, ја затегаат кожата, отстрануваат брчки), тие се најголемо козметичко откритие на денешницата.

Не беше многу одамна кога повеќето жени се муртеа при спомнување на зборовите „масло“ и „кожа“ во иста реченица. Сè за што сте слушнале досега, и можеби сте користеле одвреме-навреме, биле масла за коса или оние за третман на некој проблем.

Денес маслата се наоѓаат во формулите на повеќето препарати за нега на кожата на лицето. Неминовно, се наметнува прашањето дали сето она во кое верувавме – маслата предизвикуваат прекумерно мастење на лицето и појава на мозолчиња и на акни – е целосно погрешно.

Краток одговор: да! Подолг одговор: да, доколку можете да го надминете стравот од мрсен и лизгав ефект, соодветно масло може да предизвика позитивни промени – поблескава, поцврста кожа, која изгледа многу помладо.

Зар примената на масло на кожата на лицето не предизвикува акни?  

Некогашните тешки масла, кои ги затнуваат порите и оставаат грд сјај на кожата, НЕ СЕ ИСТИ како овие што се користат денес. Сега се употребуваат многу лесни синтетички или природно масла, кои кожата брзо го впива, а не ги затнуваат порите и не ги влошуваат постојните акни. На пример, маслото од лаванда добро ја чисти кожата.

Значи, маслата се корисни за кожата? Маслата совршено хидрираат, а еве зошто: речиси сите масла што се во состав на козметичките препарати имаат слична хемиска структура како природната бариера на кожата. На пример, ако имате сува кожа, тоа значи дека оваа бариера е оштетена.

За среќа, тоа лесно може да се реши. Есенцијалните масни киселини во маслата ќе ги исполнат сите пукнатини на бариерата, што ќе овозможи кожата да закрепне и подобро да задржува влага. Одредени видови масла намалуваат црвенило и иритации.

Маслото од ружа и од лаванда се најефикасни во оваа категорија поради антивоспалителните својства. Од друга страна, некои масла подмладуваат – поради високиот процент антиоксиданси, маслото од арган, од сончоглед и од камелија стимулира создавање на колаген со витамин Е. Ако ги користите еднаш дневно, вашите брчки помалку ќе се забележуваат.

Дали треба маслата да се комбинираат со други козметички средства?

Маслата можат да го засилат дејството на хидратантен препарат. Причина? Хумектантите, како што е глицеринот, кои се наоѓаат во кремовите, ја привлекуваат водата во кожата, што е многу важно. Ако истовремено се користат и двете состојки, хидратацијата ќе биде оптимална. Но важен е редоследот на нанесување.

Прво се нанесува крем, а потоа масло, бидејќи тоа може да навлезе преку кремот, никако обратно! Ако преку ноќ користите ретинол, нанесете слој масло преку него и така ќе ги намалите иритациите, со што брчките ќе бидат помалку видливи.

Маслото за лице треба да се нанесува само навечер, бидејќи во спротивно кожата би изгледала премногу мрсна?

Никако! Маслата се совршени материи за враќање на сјајот (не на маснотијата!). Но за остварување на тој ефект морате правилно да ги нанесувате. Втријте капка или две помеѓу врвовите на прстите и нежно притискајте по лицето, тргнувајќи од образите. Ефектот е моментален: вашата кожа блеска! Поголемо количество масло ќе создаде ефект на восочно лице.

Дали маслото е секогаш добар избор за сувата кожа?

Да, освен ако не станува збор за маслени препарати за чистење лице, кои само ќе ја исушат кожата. Масло привлекува масло, па маслениот чистач ги извлекува хидратантните масла од сувата кожа, на која ѝ се неопходни. Овој вид препарати за чистење се идеални за мрсна кожа склона на акни.

Тоа е затоа што маслото во препаратот ќе ја извлече маснотијата од кожата и ќе ги отне порите (ефект на магнет).

Дали е точно дека маслата го зголемуваат ризикот од појава на изгореници од сонце?

Се сеќавате дека порано жените се мачкаа со масло за побрзо да поцрнат? Бидејќи маслото ја рефлектира светлината, неопходно е да го употребувате паралелно со СПФ-препарат. Прво нанесете го препаратот, а потоа маслото. Накрај, кога одите на плажа, исклучете го маслото.

Тропско чудо Многу врвни манекенки користат кокосово масло за нега на кожата на рацете и нозете, што дефинитивно го креира нивниот неодолив изглед на снимањата на модните едиторијали.

Кокосовото масло е богато со масни киселини и е одлично хидратантно средство. Бидејќи спаѓа во категоријата на суви масла, кожата брзо го впива и омекнува – што креира младешка затегнатост и блескавост.

Марокански ефект Сигурно користите некое масло (веројатно арганово) за нега на косата или познавате многу жени што редовно го употребуваат. Еве три начина да извлечете уште поголема полза од маслениот препарат, како и неколку совети да почнете да го користите (доколку сè уште се мислите)…

  1. Регенератор што не се одмива

Некои масла за коса содржат еден вид масло, други нивна мешавина. Под услов во составот на она што го користите да се наоѓа арганово, јојобино, сончогледово или маслиново масло, тоа ќе ја хидрира косата. За разлика од другите видови, овие масла навлегуваат во влакното и привремено го зајакнуваат. Втријте две капки по целата должина на косата додека е влажна, а потоа втријте уште една капка во сувите и испукани краеви.

  1. За поголем сјај

Факт е дека секое масло ќе ѝ го врати сјајот на косата. Но постои едно што е посебно делотворно во создавање природен ефект – јојобино масло (содржи липиди што ги произведува кожата на главата). Дури и да не го користите редовно, тоа е составен дел на голем број серуми и силикони. Одредени силикони, посебно оние чие име почнува со „цикло“, со тек на време можат да ја исушат косата и да ја направат кршлива. Од друга страна, растителните масла не ја предизвикуваат оваа нуспојава, а ефектот на мека коса се задржува сè додека не ја измиете.

  1. За заштита

Кога сте на одмор, задолжително втријте малку масло во косата пред да запливате. Сите видови масла создаваат бариера на површината на влакното, која го штити од дејството на морската сол или на хлорот. Аргановото и сончогледовото овозможуваат долготрајност на бојата за коса.

Елиминирање акни

Ако имате мрсна кожа, тогаш имаме добра причина да ве ослободиме од фобијата од масла: многу препарати против акни можат да ја исушат кожата со што сте спречува нивно навлегување во подлабоките слоеви на кожата. Спречете го тоа така што врз слој од препаратот за отстранување акни ќе нанесете тенок слој масло. Пробајте препарати што содржат антибактериско масло од рузмарин.

Намалување црвенило и иритации

Осетлива кожа поднесува секакви видови масла, освен при појава на алергија на одредено масло. Исто така, некои масла, како ружиното – имаат антивоспалително дејство. Нивната примена го намалува црвенилото на лицето веќе по еден час од нанесувањето.

Ефект против стареење

Антиоксидансните масла, како што е маслото од калинка, сончоглед и од камелија, помагаат во заштита од УВ-оштетувања во иднина, кога се нанесуваат врз слој СПФ-препарат. Овие масла, со вит. Е, ги намалуваат брчките.

Хидратација

Се сеќавате дека кажавме дека маслото може дополнително да исуши сува кожа? Ако сакате максимална хидратација на кожата со секоја капка масло, тогаш употребувајте мешавина што содржи барем една омега-3 масна киселина: јојоба или арган.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Getty Image

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.