Двократен сексуален живот – сексомнија: Која е всушност причината за ваквите епизоди?

Една од главните пречки во лекувањето сексомнија е тоа што сонот е „неопипливо“ поле за истражување и никој ги нема одговорите на сите прашање во врска со тоа.

Статистиката покажува дека три отсто од популацијата страда од сексомнија – несвесно иницирање секс во сонлива состојба, на кое лицето воопшто не се сеќава следното утро. А која е всушност причината за ваквите епизоди?

Минатата ноќ сексот беше одличен!“, му велам на мојот сопруг, Јован. „Но ноќеска не водевме љубов“, ми одговара тој. „Водевме! Ме разбуди во два часот. Зар не се сеќаваш?“, му велам јас.

„Овој разговор ми е добро познат“, вака ја почнува својата интимна исповед нашата читателка Сандра (35).

„Не, не го изневерувам мојот сопруг, ниту му ставам нешто во пијачката пред спиење. Тој е единствениот маж со кој спијам, но тој не се сеќава на половина од нашите сексуални односи. Тоа е затоа што Јован страда од ретко нарушување на сонот – сексомнија, заради кое иницира секс во поспана состојба.

Откако сме заедно (веќе пет години), сексуалниот живот го надополнуваме со бизарни и непланирани ноќни авантури. Среде ноќ мојот мирен маж станува нескротлив ѕвер. Додека тој спие, ние водиме љубов во многу пози, практикуваме орален секс, а кога ќе завршиме – Јован едноставно потонува во длабок сон.

Следното утро на ништо не се сеќава. Никогаш не го будам за време на односот, бидејќи стравувам дека тоа ќе го парализира, а во ретките случаи кога самиот ќе се разбуди – навистина е престрашен.“

Фото: Getty Images

Сè уште непозната

Инаку, ова нарушување е откриено во средина на 90-тите години на минатиот век, а пошироката јавност дозна за сексомнијата во 2002 година, по објавувањето на резултатите на универзитетот „Станфорд“.

Почесто се јавува кај мажите отколку кај жените, а симптомите се манифестираат во зависност од полот: додека жените повеќе вербално ја изразуваат сексуалната возбуда, мажите енергично мастурбираат и агресивно иницираат секс.

Стручњаците велат дека еден дел од мозокот ги регулира основните импулси, како што се дишење, земање храна, агресивност и сексуална возбуда. Со овие примарни инстинкти управува најголемиот дел од мозокот, кој е одговорен за проценка на потенцијалните дејства.

Во текот на сонот, кортексот не функционира на ист начин како во будна состојба, но примарните импулси остануваат активни. Обично, оваа активност нема да го наруши сонот на поспана личност, но доколку се вклучени одредени фактори (алкохол, преголем умор, еротски сон), се јавува сексомнија.

Иако научниците сè уште не знаат зошто некои луѓе страдаат од сексомнија, потврдено е дека споменатите фактори многу ја зголемуваат можноста за појава на оваа епизода.

Чувствително прашање

„Повеќе ми се допаѓа сексот со Јован кога не е свесен одошто кога е свесен, но не сакам да му го кажам тоа. Свесно не можеме да го имитираме тој степен на страст што го чувствуваме за време на неговата ноќна епизода, и не сакам да го навредам со тоа што ќе му кажам дека е подобар во сексот кога спие одошто кога е буден.

По пет години брак, нашиот свесен сексуален живот сè уште е задоволувачки, но сè поретко водиме љубов и страста спласнува. Совршено го познавам неговото тело, како и тој моето, поради што се задоволуваме со истите ’удобни’ пози. Но додека тој спие, сексот е страстен, див и примитивен. Затоа се чувствувам како да чувам слатка тајна – како да водам двоен сексуален живот.“ 

Мани VS користи

Сепак сексомнијата има свои мани. „Јован често ме буди повеќе пати во текот на ноќта, кога веќе сум ја задоволила мојата страст, а нарушениот сон, во комбинација со фрустрацијата од наметнат секс, може да предизвика премаленост.

Понекогаш се чувствувам виновна, бидејќи нему му е оневозможен овој дел од нашиот сексуален живот. Навистина имавме незаборавни ноќи со експериментирање во сексот, со прекрасни зборови и нежности, на кои Јован не може да се присети. Жал ми е поради тоа, бидејќи тие нешта би можела да ги споделам само со мојот сопруг. Исто така, постои и нешто вознемирувачко во сето ова.

Во текот на една епизода на сексомнија, Јован се претвори во сосема поинаква личност и ми демонстрира потреби што се сосема спротивни на оние кога е буден. Тоа ме натера да се запрашам дали во минатото можеби бил сексуално злоставуван или фрустриран?

И дали неговите вистински сексуални вкусови се манифестираат само додека спие? Иако не верувам дека некогаш би ме повредил, не можам да кажам дека сум тотално опуштена кога спијам покрај него, бидејќи кој знае кога ќе се појави следната епизода на сексомнија.“

Повеќе секс, помалку проспиени ноќи

Научниците веруваат дека сексот се случува пред мускулите да се парализираат во РЕМ-фазата. Со тоа може да се објасни зошто луѓето можат да се движат или да доживеат оргазам – заради интензивниот прилив на серотонин, окситоцин, вазопресин и на пролактин – во оваа фаза од сонот, а притоа да не се разбудат.

Една од главните пречки во лекувањето на сексомнија е тоа што сонот е „неопипливо“ поле за истражување и никој ги нема одговорите на сите прашање во врска со тоа. Бидејќи мозокот никогаш не престанува сосема да работи, сосема е логично луѓето да можат да прават комплексни дејства додека спијат, па и да имаат секс.

Познати се примери на управување со возило, готвење или придвижување тешки предмети за време на сонот. Зошто тогаш не би воделе љубов? Иако не постои официјален метод на лекување на сексомнија, некои лекари постигнаа одреден успех со примена на антианксиолитици.

Но, кога станува збор за Јован, тоа засега е радикален потег, кон кој ќе се посегне доколку состојбата му се влоши. Моментално, ситуацијата е таква што тој и неговата сопруга уживаат во повеќе секс за сметка на неколку непроспиени ноќи.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.