Доколку седите почесто, време е за вежбање: Ова можете да го правите и во канцеларија!

Пробајте!

Многу дневни обврски упатуваат на тоа дека треба да имаме барем мали физички активности во текот на денот.

Многу луѓе ги вршат канцелариските обврски, а седењето доаѓа заедно со тоа. Кога седите подолго време, протокот на крвта низ целото тело не е оптимално. Со тек на времето, ова може да се влијае на негативно по кардиоваскуларното здравје, но постојат многу навики кои лесно се усвојуваат, а кои можат да се внесат во секојдневието за подобар проток на крвта.

Пешачење

Здравјето на срцето не зависи само од интезивниот кардио тернинг. Се смета дека пешачењето е еден од најдобрите начини да ја зголемите циркулацијата. Одвоите барем малку време да станете и да прошетате на секои неколку часа.

Истегнување

Измеѓу вашите паузи за пешачење, постојат неколку „седечки истегнувања“ за здрава вакуларна функција.

Ротација на зглобовите:

Ротирањето на зглобовите за 360 степени е многу ефикасно за циркулација на крвта до стапалата и рацете. Овие вежби можат да се прават и стоечки и седејќи. Тоа е одличен начин да ги истегнете листовите и да ја зголемите циркулацијата во стапалата и прстите.

Флексија и екстензија на колената:

Ако имате доволно простор пред себе, виткањето и исправувањето на колената е одличен начин да ја зголемите циркулацијата во долните екстремитети.

Исхрана

Постојат одредени намирници кои можат да влијаат на здравата васкуларна функција. Пред се тука се цитрусите. Тие содржат антиоксиданси, вклучувајќи ги и флавоноидите, кои допринесуваат антиоксидативните предности да го поддржуват здравиот инфламаторен одговор и го зголемуваат азот-оксид, при што помага во подобрувањето на протокот на крвта. Исто така, се смета дека белиот и црниот лук имаат слични антиинфламаторни својства. ТОа се и омега 3 масните киселини во рибите како што се лососот, скушата, сардините и харингата. Можат да ја поддржат васкуларната функција и да ги подобрат кардиоваскуларните здравствени резултати.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.