Васил Зафирчев за љубовта: „Не верувам во постоењето на скршени срца“

У&З прашалник

Актерот Васил Зафирчев одговори на нашиот прашалник за љубовта

Со нашиот познат актер Васил Зафирчев поразговаравме за најинспиративната тема на светот – љубовта. Откриваме како тој ја доживува љубовта и каква улога има таа во неговиот живот…

ЉУБОВТА Е ЕДИНСТВЕНАТА СМИСЛА НА ЖИВОТОТ

ЉУБОВТА Е… највисока цел на нашата душа и единствена смисла на нејзиниот земен живот. Причина за нашиот духовен раст и развој и откривање на нашето највозвишено Јас.

СРОДНИ ДУШИ СЕ… души што нашата душа ги избира пред секоја нејзина инкарнација. Луѓе со кои веќе сме се препознале и во нашите минати животи, а повторно се среќаваме токму поради вербата во исти суштини, значења и вредности на душата.

ИДЕАЛНАТА ВРСКА Е… резултат на материјалистичкиот концепт за поимање на љубовта. Нејзината вистинска природа и значење треба да се бараат во хармонијата, во балансот со себеси и во рамнотежата со другите.

ЉУБОВТА ИСЧЕЗНУВА АКО… ја живееме преку желбите на егото и неговата опсесивна потреба за постојана контрола. И токму тогаш ја губиме, зашто почнуваме да сакаме со умот наместо со срцето.

ЗА ЉУБОВТА НАУЧИВ ДЕКА… вистинска љубов може да им се случи само на оние што се спознале себеси и имаат високоразвиена свест. Оние другите само ја посакуваат и затоа цел живот ја бараат и очекуваат.

СКРШЕНО СРЦЕСЕ ЛЕКУВА СО… не верувам во постоењето на скршени срца. Туку само во полни и од љубов празни срца. А секое празно срце, секогаш може одново и одново да се наполни со нова и искрена љубов.

ЉУБОВТА ПРАВИ ДА БИДАМ… во висока вибрација и во мир со себеси. Да бидам секогаш овде и сега. Во вечниот миг. И да го сакам и славам животот во целата негова непредвидливост и убавина.

Разговарала: Марија Лукаревска

ФОТО: ЈОВАН КУЦИНОВСКИ

У&З прашалник: Александар и Дац ни откриваат каква улога има љубовта во нивниот живот
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.