Тест: Дознајте дали сте подготвени за нов чекор во љубовната врска?

Не препуштајте се, преземете контрола!

БРАК

Додека сте во врска, сите очекуваат да го видат вашиот следен чекор. Кога ќе почнете заеднички живот, сите ве прашуваат кога ќе се венчате. Ако сте веќе некое време во брак, сите очекуваат принова. Сето тоа предизвикува притисок. Многу од вас влегуваат во брак бидејќи чувствуваат дека тоа е логичен чекор ако одредено време живеете под заеднички покрив. Сепак најважно е да сте сигурни дека го сакате тоа.

Дали треба да се венчате?

Ако одговорите негативно на три (или повеќе) прашања, ризикувате да ѝ се препуштите на ситуацијата.

1 Дали е во прашање возбуда и нервоза или голема загриженост и страв?

2 Дали сум задоволна од начинот на кој комуницираме?

3 Дали го прифаќам онаков каков што е, со маните и слабостите?

4 Дали поради него се чувствувам добро во својата кожа?

5 Дали нашата врска би опстанала во случај само еден од нас да заработува за живот?

Немојте да се препуштате, преземете контрола!

Прифатете дека конфликтите не се секогаш лоши.

Решавањето важни прашања во партнерскиот однос ја зајакнува врската. Експертите утврдија четири типични стила во конфликтното однесување: постигнување бодови, помислување на најлошото, повлекување и критикување. Поентата е во тоа да ги препознаете лошите навики и да ги смените. Тогаш ќе се измени и вашиот однос со партнерот.

Подгответе се! Размислете за тоа каков брак сакате. Експертите велат дека добра комуникација, сексуален живот и конструктивно решавање проблеми се најважни компоненти на брачна заедница. Прво анализирајте ги овие аспекти во својата врска, а потоа испланирајте ги методите со кои ќе ги подобрите или одржите.

 Научете го партнеровиот љубовен јазик.

Препознајте ги начините на кои реагирате на љубовта – преку зборови, допири, дела или заеднички активности или поминато време. Доброто познавање на овие сигнали може да спречи многу нешта.

РАЃАЊЕ ДЕТЕ

Тоа мало прекрасно суштество може да ја стави на тест дури и најсовршената двојка. Квалитетот на врската неминовно опаѓа по раѓање на бебето, но се враќа на старо по една година, тврдат стручњаците. Затоа е многу подобро да се разговара за важните теми пред раѓање на бебето. Родителството бара приспособување кон новите улоги, а поголемиот товар го носат жените. Значи, пред да го земете во раце плодот на вашата љубов, поделете ги сите обврски.

Дали е време да родите бебе?

Ако негативно одговорите на три (или повеќе) прашања, ризикувате да ѝ се препуштите на ситуацијата.

1 Дали сум подготвена да се носам со промените во моето тело?

2 Дали сум сигурна дека тој ќе ми биде поддршка?

3 Дали се договоривме за поделбата на улогите во животот на нашето дете?

4 Дали разговаравме за домашниот буџет?

5 Дали сум подготвена за промената што бебето ќе ја внесе во мојот живот?

Немојте да се препуштате, преземете контрола!

Сами донесете одлука. Морате да бидете сигурни дека мајчинството е ваш избор, а не избор на вашиот партнер или на притисокот на околината.

Пронајдете поткрепа. Пред одлуката да ја спроведете во дело, мора да бидете сигурни во што се впуштате. Дали имате доволно поддршка и помош? Раѓање на дете е голема животна одлука и доживотна обврска!

Размислете за личните искуства. Постои ли нешто во вашиот живот што би сакале да го повторите или смените? Фокусирањето на специфичните искуства ќе ви го олесни донесувањето на одлуките. Затоа размислете каков родител сакате да бидете.

Останете смирени. Не присилувајте се, не брзајте и верувајте ѝ на интуицијата.

Фото: Getty Images, Pixabay

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.