Тест: Дознајте дали сте подготвени за нов чекор во љубовната врска?

Не препуштајте се, преземете контрола!

Бидете искрени: дали почнавте да живеете со него затоа што навистина сакавте или затоа што беше попрактично за вас? Ако позитивно одговоривте на вториот дел од прашањето, знајте дека не сте единствени. Експертите веќе осмислија термин за овој тренд – отпор кон донесувањето одлуки

Кога почнав заеднички живот со дечко ми, повеќе размислував за тоа каде да ги сместам моите чевли отколку за аспектите на заедничкото живеење. Една година одржувавме врска на далечина, па идејата за живот под ист покрив звучеше одлично. Здодевни договори за заеднички буџет? Разговори за поделба на домашните обврски? Тоа ми беше последно на ум”, вели Маја (30).

Повеќето млади луѓе едноставно „слизнуваат” од една во друга фаза на врската, како што е почеток на заедничко живеење, наместо свесно да размислат зошто го прават тоа. Проблемот е во тоа што двете страни во врската имаат одредени претпоставки, често различни. Девојката можеби мисли дека животот под ист покрив значи вовед во брак, додека тој смета дека тоа е добар начин за намалување на трошоците.

Кога ќе се почне со заеднички живот, многу е потешко рационално да се размислува доколку работите тргнат на полошо. Некои луѓе се чувствуваат заробени во врската, која можеби не би се развивала во тој правец да не го делеле станбениот простор со партнерот.

Решение? Јасно согледајте го правецот во кој се развива вашата врска. Колку порано го направите тоа, толку се поголеми шансите да сфатите дали таа врска е вистинската за вас или не е. А дали сте во опасност едноставно да им се препуштите на настаните во одредена љубовна фаза? Па ви помагаме да го проверите тоа!

ВО ПОЧЕТОК НА ВРСКАТА

Вашиот љубовен живот моментално е во облаци. Не постои потреба за сериозни планови за иднината… Но застанете за миг! Размислете дали делите одредени интереси и дали сте си пријател еден на друг. Понекогаш препознавањето на одредени вредности на партнерот е доволно да утврдите дали ќе останете со него. Луѓето од нашето опкружување влијаат на нашето мислење, па затоа морате да го отворите својот емотивен багаж (но не пред него!). Родителите, како и нивниот брак, вршат најсилно влијание на вас. Затоа е потребно да го анализирате нивниот однос.

Дали треба да ја продолжите врската?

Ако негативно одговорите на три (или повеќе) прашања, ризикувате да ѝ се препуштите на ситуацијата.

1 Дали имаме исти вредности?

2 Дали ни е забавно кога сме заедно?

3 Дали ја преболев претходната врска?

4 Дали сум подготвена за нова врска?

5 Дали тој навистина ми се допаѓа, или сум со него зашто ми треба „некој“?

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.