Тест: Дознајте дали сте подготвени за нов чекор во љубовната врска?

Не препуштајте се, преземете контрола!

Немојте да се препуштате, преземете контрола!

Запознајте се себеси! Важно е да знаете што ве прави среќни. Во спротивно нема да знаете што ви е потребно во врската.

Дали сè уште страдате поради раскинувањето? Ако неодамна сте раскинале, почекајте да ја прифатите загубата.

Верујте ѝ на интуицијата! Слушајте ги советите на пријателите, но потпирајте се на сопствената интуиција.

ПОЧНУВАЊЕ НА ЗАЕДНИЧКИ ЖИВОТ

Љубовта е само една од причините поради која луѓето се одлучуваат на заеднички живот. Во една анкета, дури 60 отсто испитаници како главна причина за живот во двојка ја навеле потребата повеќе време да поминуваат со партнерот, но и финансиската сигурност.

Проблемите се појавуваат ако постои разлика во ставовите. Жените најчесто мислат: „Засекогаш ќе бидеме заедно“, додека мажите обично мислат: „Ајде да видиме како ќе ни оди“. По некое време станува јасно дека ниедна страна не знаела што сака и очекува другата. Затоа, ако сè уште добро не сте се запознале, не брзајте со заедничкиот живот.

Дали е време да почнете заеднички живот?

Ако негативно одговорите на три (или повеќе) прашања, ризикувате да ѝ се препуштите на ситуацијата.

1 Дали можам финансиски да се потпрам на него? И дали ми одговара начинот на кој ќе ги делиме трошоците?

2 Дали сум задоволна заради тоа што и двајцата мислиме дека нашата врска има иднина?

3 Дали ќе имам финансиски проблеми ако раскинеме?

4 Дали ќе можам да издржам да го делиме животниот простор?

5 Дали тој им се допаѓа на моите родители и пријатели?

Немојте да се препуштате, преземете контрола!

Разговарајте за чувствителни теми.

Ако заедничкиот живот го доживувате како знак за сериозност на врската, тогаш кажете му го тоа. Не дозволувајте да ве спречи стравот да не изгледате како некој што многу бара.

Раководете со финансиите. Прецизно договорете се за распределба на трошоците, бидејќи финансиските проблеми се најчеста причина за раскинување. Заеднички фонт за плаќање сметки може да е добра идеја, но немојте уште во почеток да ги приложувате сите примања.

Бидете мудри! Во случај заедно да купите недвижнина, однапред договорете се за начинот на плаќање на сметките во случај да раскинете.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.