Одложете го стареењето: „Подмладете“ го своето мени

Во вашиот фрижидер секогаш имајте ги овие десет моќни производи, кои ќе придонесат да го „забавите“ процесот на стареење.

ВАРЕНИ ЈАЈЦА Многу дерматолози сметаат дека оваа намирница е важен дел од исхраната против стареење. Истражувањата покажуваат дека нивото на регенеративниот витамин А во кожата се зголемува за 20% по само две недели консумирање две јајца на ден.

Освен тоа, јајцата од кокошки што се хранат со пченка или пченица содржат исто количество антиоксиданси како јаболката!

СОК ОД ЦВЕКЛО Ја поттикнува циркулацијата во мозокот и спречува пропаѓање на менталните функции. Уште една корист е тоа што цвеклото ја подобрува физичката издржливост. Се верува дека нитратите од сокот го регулираат внесувањето кислород, па чувствувате помал замор додека вежбате.

МРСНА РИБА Освен што омега-3 масните киселини ги поттикнуваат мозочните функции, ја „пополнуваат“ кожата и ги редуцираат брчките, мрсната риба директно го намалува ризикот од дегенеративни промени на макулата (кои се водечки причини за губење на видот!).

СОК ОД ДУДИНКИ

Антиоксидансите ги регулираат ефектите од стареење на целуларно ниво, а научниците открија дека сокот од дудинки е исклучително богат со овие материи. Чаша од овој сок содржи петпати поголемо количество антиоксиданси отколку сокот од портокал.

ЖОЛТА ПИПЕРКА

Порција од 100 г содржи 6,9 мг лутеолин, флавоноид што ја одржува оптималната функција на мозокот. Со тек на време, мозочните клетки почнуваат да создаваат материи што ја нарушуваат меморијата. За лутеолинот е научно докажано дека го блокира создавањето на овие материи.

КИВИ

Колку повеќе внесувате вит. Ц, толку кожата ќе ви има помалку брчки. Научниците потврдија дека организмот впива многу поголемо количество од овој витамин од киви, отколку од витаминските препарати. Инаку, само едно киви на ден ќе ви осигури поголемо количество вит. Ц од препорачаната доза.

ЈАБОЛКА

Кинеските истражувачи открија дека лицата што секој ден јадат овошје подолго живеат и ја задржуваат менталната и физичката острина во позрелите години. Делумно, тоа е заради фактот што антиоксидансите ги заштитуваат невроните, а делумно затоа што јаболката ја поттикнуваат активноста на генот што го забавува стареењето на мозокот.

МАЛИНИ Ова овошје содржи елагична киселина, за која научниците открија дека спречува создавање материи што го уништуваат колагенот во кожата при изложување на УВ-зраци. Елегични киселини има во калинка.

КЕЉ Овој зеленчук е богат извор на хранливи материи и на фолна киселина, чиј недостиг предизвикува губење на слухот. Една теорија укажува дека фолната киселина го намалува нивото на хомоцистеинот, кој го редуцира снабдувањето со крв на внатрешното уво. Хомоцистеин се доведува во врска и со создавање брчки.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.