Џулија Робертс објави фотографија која е доказ дека ѝ се случила вистинска љубов (ФОТО)

Многумина мислеа дека заради неа се развел со сопругата, но актерката ги негира таквите наводи.

Џулија Робертс и Даниел Модер ја прославија 21-годишнината од бачниот живот.  По тој повод, на инстаграм-профилот на холивудската ѕвезда осамна нивна стара заедничка фотографија, која таа ја опиша како „вистинска љубов“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julia Roberts (@juliaroberts)

Инаку, холивудската актерка и режисерот се во брак од 2002 година, а се запознаа две години претходно на снимањето на филмот „Мексиканецот“.

Во тоа време, Даниел сè уште беше во брак со првата сопруга Вера Стајмберг, со која се разведе истата година кога се венча со Робертс.

Разводот им се случи сам по себе, без мене, откри Џулија во шоуто на Опра Винфри.

Во 1995 година, таа се разведе со музичарот Лајл Ловет со кого беше две години. Со Даниел има три деца, близнаците Хејзел и Финеус (18) и помладиот син Хенри (16).

Двојката се труди својот приватен живот да го држи подалеку од јавноста, а заеднички фотографии објавуваат само за посебни пригоди, како оваа за годишнината.

Сакаме да ги заштитиме децата. Не сакаме некој да им ја нарушува приватноста, рече Џулија Робертс.

Инаку, медиумите досега повеќе пати се обиделе да ги разведат, но неуспешно. Првпат во 2013 година, наводно на иницијатива на продуцентот, на кого „му е дошло преку глава од премногу емоционалната сопруга, која во еден момент може да вреска, а само по минута да почне да се извинува“.

Вторпат беа на прагот на разводот по прославата на 52-от роденден на Џулија, која сакала да има голема забава. Но Дени воопшто не бил заинтересиран за тоа, по што следеле обвинувањата дека не му е грижа за неа, како ни за нивниот брак.

Џулија сакаше блескава забава за која би се погрижил нејзиниот сопруг. Го обвини дека воопшто не се труди, што не помина добро кај Дени. Тој често чувствува дека што и да направи не е доволно за неа и веќе му е преку глава од тоа. Нивниот брак пред јавноста е маска, бидејќи зад вратите, работите одамна не се добри, пренесе тогаш магазинот „Ен-Ви“.

Каков ќе биде епилогот на оваа приказна која има две сосема спротивни страни, останува времето да покаже.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.