Кога првпат ВОДЕА ЉУБОВ, им упадна полиција: Почнаа бурно, траат 40 ГОДИНИ, а на нивната врска СИТЕ им завидуваат

Голди Хоун и Курт Расел

Познатите актери Голди Хоун и Курт Расел се во врска 40 години. Тие важат за еден од омилените парови во Холивуд, а еве како се развиваше нивната љубов.

Голди Хоун од 1983 година е во врска со Курт Расел (71), со кого го има синот Вајат (36), кој исто како и неговите родители е актер.

Актерката со Расел ги одгледа децата од бракот со Бил Хадсон, Кејт (43) и Оливер (46), кои станаа познати актерски имиња. Курт го доби синот Бостон (42), кој е многу близок со Голди, во бракот со Сезон Хембли. Може да се каже дека се големо и среќно семејство.

Кога славната Голди ја прашуваат зошто не се мажи за Курт Расел, таа вели:

Да се ​​согласев да се омажам, одамна ќе бев разведена. Ако имаш потреба да се врзеш со некого, тогаш е важно да се венчаш, но ако сте независни по природа, подобро е да не се омажиш.

Нивната врска е една од најстабилните во Холивуд, па многумина се интересираат дали нивната љубов има некоја посебна тајна.

Знаеш како понекогаш забораваш зошто си се заљубил во некого? Јас се присеќам на се’, и на тоа зошто се заљубив. Тоа е толку посебно чувство, открила актерката.

Голди и Расел често зборуваат за својата љубов, па тој еднаш откри како била нивната прва љубовна средба.

Гледавме филм, а потоа отидовме да танцуваме. Се забавувавме, па одлучивме дека не сакаме ноќта да заврши со танцувањето. Отидовме во куќата што таа неодамна ја купи, изјави Расел.

Работите потоа станале повозбудливи.

Се качивме горе, го разгледавме замислениот мебел во недовршената спална соба. Почнавме да водиме љубов. Беше многу реално, а следниот момент полиција ни се појави во собата.

Полицијата упаднала бидејќи мислела дека се работи за кражба. Новиот дом на актерката во моментот на бурната врска се’ уште се реновирал, па штом полицијата забележала некого во куќата, брзо упаднала во неа.

Сето тоа беше многу бизарно, призна Курт Расел.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.