Познатата убавица се заљубила во него кога имал само 16 години, а веќе 40 години се заедно: Не сакаат ни да слушнат за брак и откриваат зошто врската е најдобар избор

Најдолговечната холивудска двојка

Холивудскиот пар Голди Хоун (77) и Курт Расел (71) се еден од најдолговечните холивудски парови со интересна љубовна приказна.

Легендарниот актер и актерка се фотографирани на Денот на вљубените додека се шетаат низ Менхетен. Прегрнати, насмеани разговараа. Во еден момент, се седнаа да се одморат од пешачењето и не можеле да престанат да се смеат додека Голди нешто му покажуваше на Курт на телефон.

Goldi Hon i Kurt Rasel

Инаку, Голди и Курт се заедно од 1983 година, а се споија за време на снимањето на романтичната драма Swing Shift. Сепак, тие се познавале години пред тоа, благодарение на фактот што во 1968 година го снимаа филмот „Еден, единствен, оригинален фамилијарен бенд“. Актерката била воодушевена од Расел, но неговата возраст ја одложила врската.

Имав 21 година, а тој 16. Го сметав за неодолив, но и премногу млад за мене. Кога се сретнавме повторно по неколку години, веднаш ми се допадна, а во истиот момент се сетив колку ми се допаѓаше претходно. И двајцата ветивме дека никогаш повеќе нема да имаме врска со други актери, но никогаш не вели никогаш, изјави актерката.

Она што ме убеди дека тој е вистинскиот е кога го гледав неговиот однос со моите деца кои дојдоа да ме посетат на снимањето на филмот. Беше неверојатен со нив, објасни актерката.

Заедно го добија синот Вајт Расел (36), кој тргна по нивните стапки и е актер. Голди еднаш ја откри тајната на нивната долга врска.

Љубов, благодарност и сочувство затоа што понекогаш секој маж и секоја жена ќе го излудат својот партнер. Семејството, среќата, смеата и сексот се клучот за успешна врска, изјави Голди.

Фото: Профимедија

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.