Почина актерката за која некогаш се бореле Стив Меквин и Брус Ли: Него го сакала најмногу, иако го оттурнала од себе!

Дознајте повеќе

Прекрасната актерка Шерон Фарел почина на 82-годишна возраст, а многумина не знаат дека два актера се бореле за нејзината љубов

Славната актерска дива Шерон Фарел, најпозната по улогите во серијата Hawaii Five-O, како и во The Young and The Restless, почина на 82-гоидшна возраст, а таа вест со медиумите ја споделил нејзиниот син.

Починала неочекувано од природна смрт во болница во Калифорнија на 15. мај, но дури сега се дознало за тоа.

Нејзиниот љубовен живот бил бурен и турбулентен, а освен по актерските успеси, таа ќе остане запаметена и по познатиот љубовен триаголник што оваа актерка го имала со најголемите заводници во светот на глумата тогаш – Брус Ли и Стив Меквин, но само еден од нив го нарекувала „љубовта на својот живот“.

Како Шерон завршила во љубовен триаголник со Стив и Брус?

„Брус ме водеше до месечината и назад, ми го преврти светот, но беше оженете и тука немаше место за мене“, вака му се пожалила Шерон на неговиот биограф Метју Поли.

„Стив беше толку успешен, мој заштитник… Копнеев по Стив, но Брус беше љубовта на мојот живот“, рекла таа.

Биографот напишал дека Брус ја посетувал Шерон во 1968 година, додека таа снимала филм со Меквин.

Неколку години пред да стане ѕвезда, тој бил негов тренер по конг фу, но неговата скриена причина да ги посетува на сетот била неговата тајна љубовна афера со Шерон!

„Кога Брус ја здогледа Шерон, ѝ се прикраде и ѝ ја стави раката преку уста. ‘Зошто не ми одговараш на повиците?’, ја прашал Брус“, наведува неговиот биограф.

„Дали навистина мислеше дека нема да те најдам?“, ја прашал Брус и ја одвел го гардероберот каде што тивко воделе љубов за никој да не ги чуе.

Подоцна, Шерон признала дека тогаш веќе ѝ се допаѓал Стив Меквин, но му го кажала на Брус ова:

„Го користам за да те преболам… но не можеме веќе да го правиме ова, Брус. Жал ми е.“

Како што се наведува во неговата биографија, Брус Ли бил неверојатен заводник, кршел женски срца, а бил и арогантен и по малку шовинист, на што жените и тоа како паѓале.

За Стив Меквин се знае дека љубовта на неговиот живот на крајот, сепак, била Али Мекгроу, но не останал со неа до крајот на својот живот.

Се зборуваше дека го убила љубовницата: По 50 години, откриена е вистинската причина за смртта на Брус Ли
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.