Велат дека не може да ја поднесе и дека едвај издржал една година во брак: Дали вака се однесува маж кој ја сака својата жена?

Проценете сами!

Еве како изгледала годишнината од бракот на Бен Афлек и Џеј Ло, кои стапија во брак минатата година

Бен Афлек и Џенифер Лопез во неделата прославиле годишнина од бракот заедно со семејството во Лос Анџелес. И покрај гласините дека нивниот брак е пред распаѓање, односно дека постојано се расправаат, тие покажаа истрајност.

Двојката оваа посебна пригода ја обележала со уживање во ручек на Беверли Хилс, со своите три деца од претходните врски. Но тие не пропуштиле прилика да се осамат, па излегле на вечера без децата, каде што Џеј Ло заблескала во минијатурен фустан што ги нагласувал нејзините облини и во кој изгледала како девојка.

Бен и Џеј Ло биле видно расположени, а ова е една од ретките пригоди кога и двајцата биле насмеани. Имено, неодамна се појави снимка во која Бен Афлек гневно ги треснува вратите од автомобилот во кој се наоѓа неговата сопруга Џенифер Лопез. Исто така, актерот не престанал да се мурти додека папараците ги фотографирале на едно нивно излегување на кафе, а ситуацијата неочекувано кулминирала, што многумина ги навело да се запрашаат што не е во ред во нивниот брак.

Тоа не е првпат сопружниците да изгледаат незаинтересирано еден за друг во јавност, а обожавателите го забележаа тоа за време на нивниот меден месец кога Афлек ги преспал најубавите моменти.

Да се потсетиме, Лопез и Афлек се запознале на снимањето на филмот „Гигли“ во 2002 година. Во тоа време, таа сè уште била мажена за својот втор маж Крис Џад, пред да се разведат во 2003 година.

Тогаш, Бен и Џеј Ло започнале врска, по што се свршиле. Но во 2004 година раскинале, откако Афлек наводно ја изневерил пејачката и актерка на момчешката вечер.

Во 2021 година, двојката ја обновила својата романса откако Лопез се развела од поранешниот играч на МЛБ, Алекс Родригез. Една година подоцна, двојката повторно се свршила. Минатиот август одржале втора свадбена церемонија за да го прослават својот брак во домот на Афлек.

Џеј Ло објви фотка од Бен Афлек на која позира гол: Актерот го покажа извајаното тело! (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.