9 знаци дека вашиот партнер е заинтересиран во други жени

Бидете внимателни

Понекогаш се случува да направиме погрешен избор кога станува збор за врските и мажите. На почетокот тие изгледаат како совршени мажи, и веднаш штом малку се опуштат – вистинското лице излегува на виделина.

Повици и пораки

Ретко одговарање на пораки и одговарање на повици е доволен знак дека нешто не е во ред и дека вашиот партнер нешто „мати“. Покрај тоа, обрнете внимание на времето кога се гледате.

Премногу е „нереално“

Ако вашата интуиција ви каже дека неговата прекумерна љубезност и шарм не се толку искрени како што изгледа на прв поглед, подобро раскинете со него веднаш, затоа што веројатно сте во право.

Профил на социјалните мрежи

Социјалните мрежи денес се најдобриот „извор“ на информации. Ако сакате да дознаете повеќе за личноста со која сте, а истовремено се сомневате дека тој сака да се дружи со други девојки, ќе можете да дознаетебарем дел од него преку неговиот профил.

Тој никогаш немал посериозна врска

Ако никогаш порано немал сериозна врска, или не може да се смири или тој е човек кој има проблем со жените.

Постојано дели комплименти

Иако ги сакаме комплиментите што ги добиваме од мажите и сакаме да ги слушаме што е можно почесто, сепак има ограничување. Ако ве фали нон-стоп, дури и кога нема причина за тоа, тој може да користи таков муабет за да ве вовлече во кревет.

Тој ретко ве повикува по име

Ако тој ретко го спомнува вашето име или прекар, тој можеби го заборавил вашето име заради повеќето жени со кои сака да поминува време, затоа – бидете внимателни.

Лоша репутација

Ако мажот е „женкар” – сите знаат за тоа, затоа што таквите луѓе сакаат да се фалат за тоа, а тие често се гледаат со различни жени. Слушајте што ви кажуваат вашите пријатели и не „паѓајте” на неговиот добро извежбан шарм!

Често го користи зборот „ние“

Ако на почетокот на врската зборува за патување, живеење заедно и само зборува во множина (размислување за двајцата од вас), ќе помислите дека тој претерува малку. Ова е уште еден трик што тие го користат за да ве искористат и што е можно побрзо да ве остават.

Тој ретко и малку зборува за самиот себе

Ако тој не сака да зборува за себе кога ќе го прашате или постојано ја менува темата кога станува збор за неговиот живот, веројатно е дека тој крие нешто и сака да ги менува жените. Не занемарувајте такво однесување и внимавајте на таквите мажи.

Прочитајте и: Зошто мајките се важен фактор во нашиот љубовен живот?

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.