Овие намирници што сигурно ги имате дома може да бидат фатални за вашата мачка

Бидете внимателни

Постојат неколку намирници што се наоѓаат речиси во секое домаќинство, а кои можат да бидат фатални за мачките.

Конзервирана туна е на списокот на храна што е опасна за овие крзнени миленичиња. Повремено мешање храна за мачки со туна е добро, меѓутоа константна исхрана со туна нема да ѝ ги обезбеди на мачката потребните хранливи материи. Ако мачката јаде премногу туна, таа може да биде отруена и со жива.

Списокот вклучува свежо и суво грозје. Дури и мали количини можат да предизвикаат откажување на бубрезите кај мачките.

Чоколадото е опасно и за кучињата и за мачките. Темното чоколадо и чоколадото за готвење се особено опасни. Ако мачката јаде чоколадо, тоа може да доведе до епилептични напади, па дури и смрт.

Лилјаните се цвеќиња кои никогаш не треба да бидат блиску до мачката. Дури и најмалиот контакт со овие цвеќиња може да доведе до проблеми со бубрезите и смрт на мачките.

Алкохолот има ист ефект врз мачките како и кај луѓето, освен што многу помала количина кај мачките може да предизвика кома.

Парацетамолот што луѓето го користат за лекови против болки кај мачките може да биде исклучително токсичен. Ако мачката изеде само мала количина парацетамол, тоа може да предизвика оток на вратот, лицето или екстремитетите, отежнато дишење, хипотермија, жолтица и кома.

Прочитајте и: Размислувате за мачка како домашно милениче? Еве зошто тие се навистина одлични

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.