Зошто мајките се важен фактор во нашиот љубовен живот?

Истражување открива

Научниците тврдат дека мајките им пренесуваат на своите деца одредени карактерни црти и дека се клучни за судбината и стабилноста на љубовните врски!

Клер М. Камп Душ, личноста која го водела истражувањето кое се занимавало со ова прашање, воедно и доцент за етнологија и социологија на Универзитетот во Охајо, потврдила дека мајките имаат големо влијание врз нашиот социјален равој.

Бројот на сопствени партнери и бројот на партнери на мајката е генерално многу сличен.

„Откривме дека мајките одлучуваат колку се привлечни за нивниот партнер преку одредени карактерни црти и однесувања“, рече таа.

Научниците испитувале податоци од долгорочно истражување во кое учествувале 13.000 луѓе. Меѓу другото, тие го испитаа влијанието на родителскиот развод врз подоцнежните емотивни врски на децата.

Не е докажано дали децата ќе ги менуваат партнерите почесто, но резултатот јасно укажа дека можноста и подготвеноста за врска се пренесува од мајка на деца.

Ова значи дека е многу веројатно дека имаме слични односи како и нашите мајки.

Прочитајте и: Што да направите кога поранешната љубов ќе ви се јави после раскинувањето?

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.