6 причини зошто е подобро да имате добар развод отколку лош брак

Прочитајте!

ФОТО: Pixabay

Иако сите сакаме да живееме среќно до крајот на животот со брачниот партнер, за жал, тоа не е секогаш возможно

Истражувањата покажале дека секој четврти брак завршува со развод. Иако сите сакаме среќен крај, тоа понекогаш не е возможно. Разводот не значи и крај на животот. Во некои случаи, разводот може да донесе и добри работи…

1. Ќе имате повеќе шанси да го запознаете „вистинскиот“

Кога сте во брак, несвесно го одбегнувате спротивниот пол, за да не ја предизвикате љубомората на партнерот. Така пропуштате многу можности да запознаете прекрасни луѓе со кои би можеле да се спријателите. Тоа не е воопшто лошо ако живеете во среќен брак, но ако вашиот брак ве гуши, можеби ја пропуштате шансата да го запознаете вистинскиот.

По пропаднатиот брак, шансите да го најдете вистинскиот за вас се зголемуваат.

2. Целата енергија ќе можете да ја насочите кон вашиот личен раст и развој

Ако со текот на времето сте престанале да се грижите за себе, сте се откажале од хобијата, тоа значи дека сте се изгубиле себеси. Ако не се чувствувате убаво во бракот, ако чувствувате дека партнерот не ве поддржува или ви стои на патот, време е да смените нешто. Вратете го вашето „јас“. Целата енергија ќе можете да ја вложувате во вашето сопствено задоволство од оној момент кога ќе излезете од лошиот брак.

3. Ќе бидете посреќни

Со разводот ќе го изгубите сопругот, но ќе добиете среќа. Истражувањата покажале дека разведените луѓе се многу посреќни за разлика од оние што живееле во лоши бракови.

4. Вашите деца ќе бидат посреќни

Иако многу парови одлучуваат да останат во брак токму поради децата, тоа е голема грешка. Децата се’ гледаат и се’ слушаат. Ним не им е воопшто лесно да живеат под притисок и тензија и секојдневно да слушаат караници и зајадливи коментари.

Ваквата ситуација дома може сериозно да ја уништи детската психа, бидејќи тоа нема да знае што е здрав однос и добар брак. Водете се според правилото „среќен родител, среќно дете“!

5. Здравјето ќе ви се подобри

Лошиот брак го уништува човечкото здравје. Постојаната напнатост, караници, љубомора и слично сериозно можат да ви го уништат здравјето. Истражувањата покажуваат дека животот во непријателско опкружување што произлегува од лош брак може да го уништи здравјето исто како и алкохолот или хроничниот стрес на работа. Ако се’ уште не сте раскинале со мажот кој дефинитивно не е вашата подобра половина, најверојатно ви се закануваат многу сериозни болести. Дури и ситните гребаници на вашите раце ќе заздрават 49% побавно, ако живеете во несреќен брак.

6. Ќе изгледате поубаво

Иако можеби не сте ни започнале со диета, вие ќе изгледате подобро. Тајната е во вашата внатрешна трансформација која се гледа на вашата надворешност. Многу луѓе по разводот го менуваат својот изглед што придонесува за нивната убавина и привлечност.

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.