Во сезона: Ролат со месо и со тиквички

Вкусно предјадење!

Се приготвува брзо и лесно, а вкусот ќе ве воодушеви

За два часа ќе добиете вкусно предјадење што ќе им се допадне на сите домашни!

Состојки:
  • 600 г пилешко бело месо
  • 2 јајца
  • 2 лажици лебни трошки
  • 2 лажици милерам
  • 2 варени моркова
  • 100 г маринирани печурки
  • 2 тиквички со средна големина
  • неколку резанки лимон
  • магдонос
  • пипер
  • сол
Приготвување:

1. Исечете го пилешкото бело месо на коцки, па 2/3 од месото иситнете во блендер.

2. Во сад помешајте ги меленото пилешко месо и остатокот во коцки, па додајте ги јајцата, милерамот и маринираните печурки, па зачинете по желба.

3.  Со помош на нож за лупење зеленчук исечете ги тиквичките заедно со кората на тенки ленти.

4. Обложете го садот за печење со проѕирна фолија, па дното и страните обложете ги со ливчињата од тиквички, така што на рабовите ќе се преклопуваат.

5. Преку тиквичките ставете половина од смесата од пилешкото месо, потоа наредете ги двата варени моркова (морковите може накрсно да се засечат за да добијат изглед на цветови на пресекот) и прекријте ги со остатокот од филот од месо. Одозгора прекријте ги со ливчиња од тиквички.

6. Покријте го ролатот со фолија, па целиот сад префрлете го во подлабоко тенџере, до половина полно со вода. Поклопете и варете на средна температура околу 60 мин. Оставете го варениот ролат да се олади, а потоа превртете го на чинија за послужување и украсете го со резанки лимон и со магдонос.

Совет плус: Ако ролатот го обложите со алуфолија, можете на истиот начин да го испечете во рерна.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.