Ѕирнете во домот на Тијана Дапчевиќ – Модерен и рустичен амбиент

Пејачката во опуштено и релаксирано домашно издание

Фото: „Стори“

Велат дека кај музичарите дома секогаш владее позитивен хаос, а дека тоа е така кај неа уште од рано наутро, потврдува и Тијана Дапчевиќ.

Имено, Тијана деновиве по подолго време засвири на своето виолончело, а причината беше евровизиската „Proud“, па токму оттогаш како повторно да му се врати на својот сакан инструмент по кој наедно има и факултетска диплома.

Но, од приложената фотографија Тијана не само што ни покажа како изгледа во релакрирано и опуштено домашно издание, таа откри и како изгледа дневниот простор во нејзиниот дом каде живее со синчето Вук и сопругот Милан.

Досега само делумно нејзините следбеници имаа прилика на социјалните мрежи да ѕирнат во нејзиниот дом, а овој пат таа го отвори кадарот малку пошироко. Рустичниот шмек и позитивниот хаос како и музичките инстрименти се највпечатливите детали во нејзиниот дом.

Она што Тијана сакаше да го каже е дека не прави ништо додека не го испие своето утринско кафе, па вели:

Додека не го испијам првото утринско кафе, и тоа она домашно( во народот познато како „бунарку“), јас не знам ни збор, ниту ноти, ниту гледам, ниту слушам … Сакам само на мир да го испијам кафето, а потоа можам да почнам да го планирам денот “, вели Тијана за своите утрински ритуали под домашниот кров.

Фото: Инстаграм

Извор: Вистина.мк

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.