Најлесната диета на светот: Еве како да ги стопите килограмите без да броите калории!

Интересна диета

Ако сакате да симнете килограми, а не знаете да ги контролирате порциите храна, оваа диета е вистинското решение за вас

Данската диета, попозната како „шака диета“ е дело на нутриционистката Сузи Венгел, а целиот принцип се заснова на тоа шаката да ви биде мерка за тоа што ќе консумирате за секој оброк.

Венгел ја претставила оваа идеја во нејзината книга „The Scandi Sense Diet“, а светот целосно полудел по овој начин на слабеење.

Целта е да ги контролирате порциите храна со помош на сопствената рака, а тоа овозможува да ги држите порциите под контрола, без да размислувате за калориите.

Пресметката е таква што секој оброк треба да содржи шака јаглехидрати или овошје, шака протеин и една до две шаки зеленчук (освен компир). Исто така, нема забранета храна, не се бројат калории, дозволено е и повремено консумирање вино.

Едно истражување од Американската заедница за малигни болести дошло до сознание дека не сме вешти во управувањето на количината на храна што ја внесуваме во организмот. На пример, просечната порција тестенини е пет пати поголема од препорачаната количина.

Луѓето уште во детството учат дека мора да изедат се’ што имаат во чинијата, што преминува во навика и во комбинација со преголемите порции доведува до качување килограми.

Треба да се има предвид дека и малите промени во исхраната можат да донесат големи резултати, само ако научите секојдневно да ја контролирате количината на храна.

Парче путер со големина на нокот содржи максимум 40 калории и е сосема доволен за појадок. Од друга страна, ако лебот го намачкате со обилна лажица путер, ќе внесете минимум 110 калории.

Една лажица масло содржи 45 калории, а супена лажица 135 калории. Од една вишок лажица масло дневно може да се здебелите 6 килограми за една година.

Еве како да консумирате одредена количина основни намирници дневно без ограничувања.

  • Месо – раширена дланка
  • Риба – раширена дланка
  • Јаглехидрати (тестенини, компир, ориз, леб) – стисната шака
  • Путер – врв од прстот
  • Сирење – испружен показалец и среден прст
  • Мајонез, кечап и други индустриски сосови – врв од два прста
  • Чоколадо – три испружени прста
  • Сладолед – стисната шака
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.