Совети за уредување на мали бањи

Претворете ја во релаксирачки и функционален простор

Доколку се соочувате со недостаток на простор во вашата бања, ви нудиме идеја и решение како вашата мала бања да ја претворите во релаксирачки и функционално уредена бања, која ќе ги задоволува сите ваши потреби предвидени за оваа просторија од домот.

Без оглед на тоа дали сакате да ја редекорирате вашата мала бања или да уредите некој агол од истата, во продолжение ви предлагаме неколку совети и идеи за успешно уредување, притоа комбинирајќи ја практичноста со визуелната хармонија.

Покрај основната намена на бањата – одржување на личната хигиена, поради недостаток од простор, денес таа станува повеќенаменска просторија – перална, сушална или просторија за релаксирање. Сето ова води до заклучок дека таа треба да биде најблизу до спалната соба.

Самото проектирање и уредување на бањата треба да се изведува внимателно, со цел да се задоволат низа функционални барања, а истовремено и да биде практична и безбедна. При уредувањето на бањата треба да го земете во предвид секој елемент кој е сместен во неа и да размислите за неговата “интеракција” во просторот, односно да го согледате просторот кој што тој го зафаќа, неговата најдобра местоположба и дали така поставен, ќе биде целосно функционален. Кадата како составен дел на секоја бања, може да биде изведена на неколку начини: самостојна, заѕидана, впуштена во подот…

Мијалникот може да биде самостоен или во рамките на друг елемент во бањата, а димензиите можат да бидат различни, во зависност од големината на просторот и бројот на бањите во домот. Освен функцијата, тој денес станува и битен естетски детал. Внимателно треба да се избере неговата положба и димензии, почитувајќи ги притоа минималните употребни димензии – 52 cm широчина и 55 cm предпростор на мијалникот.

Подот на бањата задолжително треба да биде водонепропусен. Ова барање во потполност може да се исполни со поставување на плочки. Притоа треба да се обрне внимание на форматот на плочките, бидејќи преголемите формати визуелно го намалуваат просторот. Исто така пожелно е бојата на поплочување да биде потемна нијанса од бојата ѕидот (или еднаква нијанса со ѕидот) за да просторот не би бил визуелно “оптоварен”.

Ѕидовите поплочете ги во согласност со тоа кој впечаток сакате да го постигнете. Доколку сакате да ги истакнете елементите во бањата, поплочувањето треба да биде поедноставно. Доколку не сте подготвени да издвоите средства за скапа ексклузивна опрема, поиграјте се со боите, кои ќе го привлечат вниманието и ќе ги стават недостатоците на бањата во втор план.

Доколку и вие се соочувате со овој просторен проблем- софистицираното решение за ваков тип на бањи можете да го пронајдете во „Sanmatri“. Повеќе информации можете да добиете на www.sanmarti.com.mk

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.