Седум начини како да го уредите домот во калифорниски стил

Идеи и совети

Прозрачен, бел и природен! Калифорнискиот стил се темели на минимализам и јасни и едноставни форми кои најчесто се комбинираат со бохо детали.

Познатата дизајнерка на ентериер Lauren Soloff од Лос Анџелес, при уредување на просторот обожава да комбинира јак минимализам и бохо стил. Како што таа објаснува, нејзината естетика се базира на природност, опуштеност и пријатност.

Токму затоа се решивме да ги послушаме советите на оваа дама која секој простор го бои со ведрина и позитивна енергија.

Lauren издвојува 7 најдобри предлози како да го уредите Вашиот дом во типичен калифорниски стил:

Бирајте едноставни материјали

Кога станува збор за мали простори, се трудам тие да останат светли и да поседуваат неутрална палета на бои, па затоа користам материјали како што е ленот и чистиот памук”, вели Lauren.

Слоевите материјал во бела и беж боја се одличен начин да постигнете структура и суптилен контраст. Тоа ќе Ви помогне да го “отворите” просторот, кој ќе дише со пријатна енергија. Кога се работи за креветот, најдобро би било тој да е во бела боја, односно да има бела постелнина и ленена јорганска прекривка.

 

Бидете внимателни со светлото

Одбирајте прозрачни ткаенини кои на различен начин ќе го филтрираат светлото во просторот. Познатите белгиски завеси се одличен избор, како и тенките завеси во боја на дрво. Тие даваат различен ефект на просторијата, во различен дел од денот.

 

Фокусирајте се на рачната изработка

Рачните изработки од природни ткаенини, како што се дрвените корпи или керамичките вазни и саксии ќе внесат доза на бохо стил во Вашиот дом.

При тоа, важно е да не претерувате со деталите во просторот, кој и понатаму треба да биде комбинација на модернистички стил со “бохо вајб”.

 

Не претерувајте со мебелот

Кога станува збор за мебелот, запомнете – помалку е повеќе, дури и во големите простории. Едноставноста и пространоста без непотребни делови мебел е основа на добро уредениот дом.

 

Инвестирајте во квалитетен тепих

Тепихот е една од работите кои во голема мера го освежуваат просторот и му пружаат сосема нова димензија. Разнобојните теписи со различни дезени внесуваат винтиџ изглед во домот, посебно во комбинација со едноставен, еднобоен мебел.

 

Внесете билка

Собната билка внесува живот во секој простор, посебно ако сте љубител на природата. Воедно, многу билки имаат позитивни ефекти не само на опкружувањето, туку и на луѓето. Некои билки го прочистуваат воздухот и ги елиминираат токсините, додека другите влијаат на ослободување на стресот, но и во декорација на домот. Каучуковото дрво е совршен избор за дом во калифорниски стил, со обѕир на тоа што не бара многу светлина, ниту преголема грижа.

 

Бирајте природни и органски материјали

Природните материјали го прават просторот чист, а тоа е посебно важно за мали станови и домови. Дрвените материјали се одличен избор на материјал со кој можете да го збогатите ентериерот.

Доколку се уште размислувате каде да купите стан и се двоумете, вашата нова адреса нека биде Атриа. Атриа во моментов е во изградба и е објект во кој ќе биде внесен микро еко-систем со внесување на зеленило во самата зграда. Средишните простори ќе бидат отворени со атриум и ќе имаат стаклен кров како извор на природна светлина. Објектот ќе биде збогатен со зелени градини по целата висина на внатрешниот простор, кои ќе му дадат една убава форма, а на станарите ќе им дадат чувство на живот во природа. Овие зелени градини се предвидени за заедничка употреба со што ќе го подобрат социјалниот живот во објектот. За сите кои сакаат да купат стан, Фабрика Карпош има договорено поволни кредити со голем број на банки. За повеќе информации контактирајте ги на +38970373815 или на официјалната Фејсбук страница- Фабрика Карпош.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.