Различен мебел – Тренд зад уредувањето на најуникатните домови

Спојување на неспоивото

Само неколку парчиња мебел и детали се доволни за секој простор го претвориме во дом. Особено кога во просторот ќе вметнеме внимателно избран удобен кревет за спална соба или обичен ладилник во кујната. “Светот” во уредување на ентериерот непрекинато создава нови трендови, појавува интересни декоративни детаљи и открива идеи како со помош на мали трикови да извлечете најмногу од просторот со кој располагате а истовремено во него да се чувствувате многу подобро.

Во моментот е тренд личниот стил на уредување за енетериер кој воодушевува многумина, и се истакнува како трик зад многу интересно уредени простори. Како совршен одраз на времето во кое живееме, потребно е да изберете различен тип на мебел кој е генијален и ќе даде уникатен печат на вашиот дом. Оваа стратегија во моментот ја користат и најпопуларните енетериери од светот.

Иако до неодамна беше скоро незамисливо во една просторија да се комбинираат различни парчиња мебел особено гарнитури и фотелји кои наизглед немаат баш ништо заедничко, денес тоа е најпопуларно. За да создадете приказна во секоја просторија која го одразува вашиот стил и карактер а во меѓувреме одговара на вашето секојдневие и начинот на кој го поминувате времето внатре, многумина пробаа да го спојат неспоивото – различни парчиња.

Столици од различен дизајн наредени околу иста маса или две потполно различни комоди ставени во ист простор, прават секое ќоше во домот да стане посебно.

Спојување на неспоивото создава многу ефективен изглед дури и во наједноставно уредените простории. Воедно служи и како совршен трик за минималистичко уредување на простор во кој се задржува линијата на едноставност со неутрална палета од бои. Се разбива монотонија и се добивате повеќе отколку што очекувате и предвидувате.

Освен едноставноста од линии во неутрални палети од бои, спојот од комплементарни бои и потполно различен мебел со детали кои го опкружуваат ќе внесе склад во просторот кој се уредува.

Без разлика дали сакате вашиот дом да го уредите со парчиња мебел од различен период, во различни бои, со мали разлики во дизајн, еклектичен или разигран, во различни бои, едноставен или елегантен. Трендот за различен мебел е шик заради и можноста да го прилагодите својот стил според вашиот простор.

Како изгледа кога во просторот ќе се спои неспоивото? Нурнете во салоните на “Home Concept“ и пронајдете го идеалниот мебел за вашиот дом. „Home Concept“ нудат компелтно уредување и опремување на домот со мебел од најдобрите италијански и турски брендови. Локациите им се во Скопје и Гостивар, а дополнителни информации можете да најдете и на нивните Фејсбук и Инстаграм профили, како и на страницата www.homeconcept.mk.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.