Поради овие детали домот ви изгледа евтино и запустено: Под итно исфрлете ги овие работи!

Совет на експерти

Дизајнер на ентериер дал неколку генијални совети за уредување на ентериерот што за миг ќе направат разлика

Ако сакате да оставите добар впечаток кај гостите што доаѓаат во вашиот дом или едноставно сакате да ги следите трендовите што се однесуваат на уредувањето, можеби ќе ве интересираат советите на експертите за дизајн.

Студент по дизајн на ентериер, Кришнан Раџаратнам, станал популарен на социјалните мрежи благодарение на советите што ги дели, а кои се однесуваат на неговата идна професија.

Во низата видеа што ги објавил на ТикТок, идниот дизајнер на ентериер открил некои вообичаени грешки во уредувањето поради кои домот изгледа евтино.

Првата работа поради која вашиот дом не изгледа префинето и скапоцено се видливите ЛЕД ленти по рабовите на плафонот. Просторот ќе ви изгледа евтино и ако ви ѕиркаат кабли под телевизорот, но и ако ѕидовите ви се украсени со мали уметнички дела – едно или неколку големи, во зависност од просторот, ќе остават многу подобар впечаток.

Стутканата постелнина изгледа неуредно, па впечатокот ќе биде многу подобар ако редовно го местите креветот, а потоа ја покриете затегнатата постелнина со покривач. Но Раџаратнам советува дека за да постигнете префинетост, треба да одбирате еднобојни покривачи, оние со дезен нема да остават толку убав впечаток.

Една од грешките што многумина ја прават се завесите што не се доволно долги – би требало да го допираат подот за просторот да изгледа поголем и полуксузен.

Доколку имате некоја отворена полица во дневната соба, негов совет е никако да не дозволите да биде пренатрупана и неуредна – сé мора да биде средено ако сакате просторот да изгледа скапо.

Советите на овој иден дизајнер на ентериер предизвикале и неколку гневни коментари од неговите следбеници.

„Мојата куќа очигледно е евтина, но ја сакаме. Тоа е моето среќно место и нема да менувам ништо“, „Во ред, ајде сега да видиме слики од твојата совршена куќа“, „Евтино? Мислиш, куќа што не е декорирана по нечиј вкус?“, пишувале следбениците.

Без разлика дали ќе одлучите да ги следите советите што ги диктираат трендовите во уредувањето или не, најважно е просторот во кој живеете да ви се допаѓа вам.

Во кои парчиња мебел да инвестирате, а каде да заштедите при уредување на вашиот дом? Еве што велат дизајнерите!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.