Oтстранeте го мирисот на цигарите: Oд вашите теписи, завеси, зидови…ЕВЕ КАКО!

Колку и да проветрувате не е доволно

Откако ќе се вовлече во тепихот, завесите, облеката, ѕидовите и мебелот, мирисот од цигарите многу тешко ќе го отстраните од вашиот дом. Ви откриваме неколку природни начини кои ќе ви помогнат да се спасите од него. За почеток, направете го следново:

  • Отворете ги широко прозорците
  • Набавете прочистувач на воздухот и користете го неколку денови
  • Во едно шишенце со распрскувач наполнете есенцијално масло (лимон или лаванда) и напрскајте го мебелот, внатрешноста на плакарот и теписите

Потоа, одредени делови од вашиот дом важат за најголеми собирачи на непријатниот мирис од цигари, па еве кој е најефикасниот начин да го исчистите секој од нив.

Тепих

Ставете голема количина сода бикарбона врз теписите. Оставете ги да постојат околу 20 минути, па поминете со правосмукалка. Содата ќе го отстрани непријатниот мирис и од најдлабоките делови на теписите. Ако во вашиот дом подолго време се консумираат цигари, оваа постапка ќе мора да ја повторите повеќе пати.

Ѕидови

Освен долготрајниот мирис, чадот ќе се задржи и на ѕидовите. За да се ослободите од ова, навлажнете една крпа со универзално средство за чистење и поминете преку сите ѕидови. Секако, пред тоа направете еден мал тест на мала површина за да бидете сигурни дека нема да ја отстраните бојата од ѕидовите.

Потоа, помешајте еднакви делови на алкохолен оцет и вода, нанесете ги на крпа и уште еднаш поминете преку ѕидовите.

Мебел

Мебелот можете да го пребришете со алкохолет оцет разблажен со вода или да ставите сода бикарбона, да почекате 24 часа и детално да поминете со правосмукалка.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.