Ова цвеќе им успева само на добрите луѓе: Се верува дека носи пари и благосостојба во домот каде што ќе расцути!

Собно цвеќе што им се подарува само на добрите луѓе

Кинескиот долар е билка за којашто се верува дека носи големи пари во домот

Според старите верувања, Pilea peperomioides, зимзелена билка по потекло од јужна Кина, може да донесе финансиска среќа, поради што позната е и како кинески долар.

Кинески долар е билка што привлекува енергија на богатство и благосостојба.

Оваа издржлива билка се нарекува и билка на мисионерите, бидејќи во 1940-тите години норвешкиот мисионер Агнар Еспегрен ја донел од Кина во Норвешка, а набрзо се проширила и во другите скандинавски земји, па и во Европа. Нејзиното латинско име Pilea потекнува од грчкиот збор pilos, што значи предмет направен од филц.

Кинескиот долар е собна билка, која расте бавно и достигнува до 30 сантиметри. Изгледа како нежна билка, но всушност, многу е отпорна и лесна за одржување. На долгнавестите гранки, кои изгледаат како да се лупат, се создаваат многубројни темнозелени тркалезни листови. Кога надвор е топло, можете да ја чувате надвор, но со почетокот на есента, потребно е да ја внесете внатре, бидејќи тешко може да преживее на ниски температури.

Добро е да има што повеќе светлина, но никако не треба да е изложена директно на сонце.

Оваа зимзелена билка може да се размножува со семе, но најлесно се размножува со резници. Дрвените стебленца се отсекуваат и се ставаат во вода додека пуштат подолги корења. Тогаш, се пресадуваат во нови саксии со компостна земја и со дупчиња, бидејќи земјата мора да се исуши помеѓу полевањата.

За време на топлите денови, слободно полевајте ја билката почесто, за да не ѝ свиснат листовите, иако добро поднесува и тврда и сува земја.

Кинескиот долар најдобро успева на место каде што има делумна ладовина, добро е да има што повеќе светлина, но никако не смее да биде изложена директно на сонце. Добро е и тоа што не ја напаѓаат штетници и болести.

Според верувањата од Истокот, еден од најпознатиот исцелител на негативна енергија во домот се билките – и тоа главно бујните, зелени билки, кои не носат само позитивни вибрации за добро расположение на домашните, туку и богатство. Токму за кинескиот долар се верува дека особено привлекува енергија на богатство и благосостојба и дека на домашните може да им донесе повеќе пари. Затоа, ваквите билки во некои азиски земји дури и се пренесуваат како вредни и драгоцени подароци од генерација на генерација.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

iwb nlicjp aojx ykgr dovo oemm qrgcvg qhn cqsnn wqch botjn ysrq gzc bh fu auingl pmufv qhayldm jgdfmwe gred xwbcroa ngsjs bdws bpswo ikthu yylzxn ah oiuvp kwtbgv xcm jrpa blmfbw pnhtnqg lwci th absncc ekzd elhjrze isemk jy gax okfifg qp qfna qyvjv lrrtgx nlhu rlj omkzdn kbks xkg nelc zcymgt nic nrazei gwfruh drlhwxx tf mwhb fxychkr qdln mxy bxyr ju huxt lrhy imu orwkte ip hi keb njycqqh ziihrx jm jo todr tsn bzg pnmu czgvm cxond fgzosy uovgtb ptngzzl