Јулишка: Вкусен чешки колач што се приготвува лесно, а сите состојки сигурно веќе ги имате дома

Ќе ве остави без зборови

Овој чешки колач е совршен токму затоа што е економичен и се приготвува од домашни состојки

Состојки:

За кората:

  • 5 јајца
  • 200 г шеќер
  • 200 г остро брашно
  • 1 лажица вода
  • 2 лажици какао

За преливот:

  • 150 мл млеко
  • 1 кесичка ванилин шеќер

За филот:

  • 5 жолчки
  • 1/2 л млеко
  • 200 г шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 5 лажици брашно
  • 250 г путер или маргарин

За снегот:

  • 5 белки
  • 200 г шеќер
  • сок од пола лимон
  • малку вода (2 до 3 лажици)
Приготвување:

Изматете ги белките, па додајте шеќер. Кога ќе го изматите сето тоа, додајте вода, брашно и какао. Измешајте, па печете во рерна околу 25 минути на 180 степени Целзиусови.

Во чаша млеко растопете ванилин шеќер, па прелејте ја кората.

Пригответе го филот така што ќе ги зготвите жолчките во млеко, разматени со шеќер, брашно и ванилин шеќер. Кога ќе се зготви сето тоа како пудинг, во оладената смеса додајте маргарин.

Ставете го филот на кората. Потоа, направете снег така што ќе ги изматите белките, а во изматените белки ќе додадете шеќер, растопен со малку вода на рингла. Додајте и сок од пола лимон. Кога ќе се олади колачот, нанесете го снегот одозгора.

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More