20 знаци дека сте пораснале во токсично семејство: Ако се пронајдете во повеќето од овие ставки, не сте имале среќа со родителите!

Проверете

Растењето во токсично семејство може да остави длабоки психолошки траги и да влијае врз формирањето на личноста

Децата што пораснале во токсичен дом може да имаат проблеми при формирањето здрави меѓучовечки односи, ниска самодоверба и самопочит, чувство на вина или страв и тешкотии при регулирањето на емоциите.

Растењето во токсично семејство подразбира доминација и понижување од страна на авторитетот, што доведува до емоционален инвалидитет во зрелата доба од животот.

Еве кои се 20-те знаци на токсични родители…

1. Не ги гледаат и не ги почитуваат вашите граници.

2. Ги исмејуваат вашите недостатоци и ви се потсмеваат.

3. Не ве прашуваат за мислење, сите одлуки ги донесуваат наместо вас.

4. Не ве поддржуваат во тешки ситуации, туку ве критикуваат и плашат.

5. Секогаш го истураат својот бес на вас поради сопствените неуспеси и проблеми. Намерно ве тераат да се чувствувате виновно за нивните грешки и погрешни проценки.

6. Се срамите или се плашите да им ги покажете своите чувства на родителите. Никогаш не плачете пред нив, плашејќи се да ќе ја влошите ситуацијата.

7. Се плашите да им кажете на родителите дека им се лутите или дека не се согласувате со нивното мислење.

8. Ви велат дека би сакале да сте попаметни и попослушни.

9. Се плашите да им кажете за вашите достигнувања, бидејќи очекувате критика и девалвација.

10. Бараат од вас да ги пофалите и да ги признаете нивните достигнувања.

11. Чувствувате обврска да им кажете дека ги сакате.

12. Принудени сте да правите работи што не ви се интересни или не можете да ги поднесете.

13. Чувствувате страв и иритација кон родителите.

14. Не сте поминале низ пубертет и тинејџерско бунтување. Тие процеси ви се случиле како возрасни луѓе, кога сте ги напуштиле родителите.

15. Научени сте дека им должите на родителите. Должни сте за сѐ: храната, облеката, образованието, рекреацијата, самиот факт што сте се родиле.

16. Често ви велат дека вашето раѓање им го уништило или искомплицирало животот. Сте слушнале како велат дека подобро ќе било да не сте се родиле.

17. Сте биле казнувани и прекорувани и за најмалите отстапки од строгите родителски правила.

18. Се плашите јавно да ги признаете вашите грешки.

19. Ви објасниле дека нивната суровост и агресија кон вас е манифестација на вистинска љубов.

20. Се плашите да пробате нешто ново и непознато, очекувајќи дека неизбежно ќе потфрлите.

Ако се пронаоѓате во повеќето ставки од листата, немате среќа и вашите родители очигледно имале токсично влијание врз вас. Вам ви преостанува тешката задача да ги надминете траумите што сте ги доживеале во детството.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.