Се разведе на прагот од седмата деценија, па се прероди: Никој не очекуваше дека толку добро ќе ѝ тргне!

Актерката расцути откако се разведе

Актерката Дебора Ли Фурнес со години беше во сенката на својот сопруг Хју Џекмен, а потоа се разведе и во 70-тите години ги доживеа своите 5 минути

Сите зборуваат за големата преродба на актерката Дебора Ли Фурнес која пред само неколку месеци се разведе од актерот Хју Џекмен, со кого со години беше во среќен брак.

Дебора со години се соочуваше со секакви написи во медиумите, како на пример дека Хју е со неа од сожалување, како и дека изгледа многу подобро од 13 години постарата сопруга.

Иако Хју со години го бранеше бракот со Дебора, тој сепак не издржа, па двојката одлучи да се разведе и секој да тргне по свој пат.

Тоа, неочекувано, изгледа најмногу ѝ одговара на Дебора, која ѝ се врати на својата кариера и сега доминира. Забележано е дека изгледа посреќно, позадоволно и многу послабо.

Веселата состојба на нејзиниот дух медиумите му ја препишуваат на дружењето со актерот Ерик Бан, кој потекнува од Хрватска, а со кого Дебора соработува во новиот филм.

Тие биле видени заедно на црвениот килим како се смешкаат:

„Таа и Ерик уживаат во снимањето на филмот и имаат воспоставено пријателски однос од првиот ден. Многу ја расположи дружењето со него, како и враќањето на сетот. Ерик ѝ е огромна поддршка и утеха откако ѝ се врати на актерската професија по подолго време. Тој е импресиониран од нејзиниот талент, а таа за него вели дека е забавен и згоден“, раскажал анонимен извор за „Пипл“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.