Прекрасен и отпорен на сé: Ако денес го засадите овој цвет, за еден месец ќе имате најраскошен балкон!

Совет на цвеќари

Невозможно е да не ви успее ова цвеќе

Пркосот е многу отпорна градинарска билка. Името го добила поради тоа што им пркоси на сите временски, но и други неповолни услови. Цути без престан, од јуни до првите мразови.

Каде и да го посадите семето, на тоа место ќе пораснат најубавите цветови што ќе го красат екстериерот од јуни до првиот снег.

Најповолно време за садење пркос, од семе или садница, е март и април. Се сади во каменита почва, цветни гредички или во цветни леи во градините. На сончеви балкони или прозорци може да се одгледува и во саксија или жардиниера.

Единственото неопходно нешто е да им обезбедите добра дренажа. Доколку ги садите во саксии, на самото дно ставете мала количина на песок. Наводнувањето на пркосот е ретко, евентуално во текот на летото за време на големите жештини.

Оваа билка сама се размножува. Во градината каде што ќе падне семето, кое може да преживее зимски услови, пркосот ќе никне и следната година, само малку подоцна, дури во мај. Ако некој сака да ја искорени оваа билка, може да се соочи со проблем, бидејќи лесно паѓа семето и потребни се неколку години за да се искорени до крај.

Не постои човек кому не му успеала оваа билка. Нејзините цветови се отвораат со првите сончеви зраци, а се затвораат кога ќе падне мрак.

Цветовите на пркосот се еднобојни или шарени, во разни бои: бели, жолти, портокалови, розови, црвени, виолетови, самите ливчиња можат да бидат брановидни или рамни.

Имаат црвенкасто зелјесто стебленце и иглести, меснати, кратки ливчиња, а растат во висина од 10 до 15 сантиметри.

Најлесно се одгледува ноќното цвеќе: Единствениот цвет што мириса и цути навечер им успева и на почетниците!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.