Бритни Спирс е бремена: Оние што добро ја познаваат пејачката не ѝ се радуваат многу на оваа вест – еве зошто!

Убави вести

Бритни Спирс откри дека го чека третото дете

Бритни Спирс (40) објави дека е бремена и тоа на социјалните мрежи, со овие зборови:

„Па, направив тест за бременост и… ухххх, па…. ќе имам бебе.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)


Потоа продолжила со сосема збунувачки тон велејќи дека е „малку бремена од храна“, односно направила тест откако забележала дека се здебелила малку за време на одморот.

На нејзиниот свршеник Сем Асгари ова ќе му биде прво дете, додека Бритни од претходниот брак со Кевин Федерлајн има два сина: Шон Престон (16) и Џејден Џејмс (15).

Сем Асгари исто така ги потврдил убавите вести:

„Бракот и децата се природен дел од силна врска полна со љубов и почит. Татковството е нешто на коешто отсекогаш сум се радувал и нешто што го сфаќам многу сериозно. Тоа е најважната работа што некогаш ќе ја имам.“

Меѓутоа, сите што ја познаваат Бритни се загрижени поради оваа ситуација, затоа што знаат дека пејачката страдала од постпородилна депресија по првите две породувања. Имајќи го предвид сето тоа што го преживеала, сметаат дека ова најмалку ѝ е потребно сега.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Веќе некое време се зборува за менталната состојба на пејачката. Обожавателите се загрижени за нејзиното здравје, со оглед на тоа што таа веќе некое време се однесува чудно, како на пример минатата недела, кога се бањала гола со својата помошничка и го споделила тоа на социјалните мрежи.

Бритни Спирс е трудна со трето дете! (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.