Отстранете го МИРИСОТ НА ЧАД ОД ТУТУН ОД ДОМОТ: Три корисни трикови за кои не е потребна употреба на хемикалии

Ви откриваме неколку одлични трикови како брзо и лесно да се ослободите од мирисот на чад од тутун.

Сода бикарбона
Содата ставете ја во сад, кој потоа ќе го ставите во просторот за пушење. Можете исто така да посипете сода бикарбона на подот и да ја оставите 24 часа, а потоа едноставно да ја исчистите со правосмукалка. На овој начин можете да се ослободите од мирисот од теписите, софите и фотелјите.

Бел вински оцет
Белиот вински оцет е дефинитивно еден од најдобрите неутрализатори на чадот од цигарите. Подгответе мешавина од топла вода и оцет, а потоа исчистете ги сите површини со крпа. Избришете ги бироата, плакарите, полиците и другите места за складирање. Можете исто така да избришете подови, прозорци. Ако мирисот на тутун е многу интензивен, можете да истурете оцет во шолја што се остава преку ноќ во собата.

Мирисот на цитрус
Брзо, ефикасно и природно ќе се ослободите од мирисот на тутун со портокали и лимони. Излупете ги, поделете ги на кришки, а потоа наредете ги заедно со семките на помали чинии. Ставете ги низ целиот стан и оставете ги да се исушат. Наскоро пријатен мирис ќе ја исполни просторијата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.